Една Сент-Винсент Милеј

Една Сент Винсент Милеј (22 февруари 1892 - 19 октомври 1950) била американски лирски поет и драмски писател.[1] Таа ја доби Пулицеровата награда за поезија во 1923 година,[2] и е исто така позната по нејзиниот феминистички активизам. Таа го користела псевдонимот Ненси Бојд за нејзините прозни дела. Според поетот Ричард Вилбур: "Таа ги напиша некои од најдобрите сонети на векот".[3]

Една Сент Винсент Милеј
Роден/а22 февруари 1892(1892-02-22)
Мејн
Починат/а19 октомври 1950(1950-10-19) (возр. 58)
Њујорк
ПсевдонимНенси Бојд
ЗанимањеПоет

Ран живот

уреди

Милеј е родена во Мејн, ќерка на Кора Лунела Бизел, медицинска сестра, и Хенри Толман Милеј, учител. Нејзиното средно име потекнува од болницата Сент Винсент во Њујорк, каде животот на нејзиниот чичко бил спасен непосредно пред нејзиното раѓање. Кора и нејзините три ќерки, Една (која себеси се нарекувала "Винсент"), Норма Лунела (родена во 1893) и Кетлин Калох (родена во 1896), се преселувале од град во град, живеејќи во сиромаштија. Кора патувала со багажник полн со класична литература, вклучувајќи ги Шекспир и Милтон, која таа им ја читала на своите деца. Семејството се насели во една мала куќа на имотот на тетка ѝ на Кора во Камден, Мејн, каде Милеј ги напишала своите први песни.

Трите сестри биле независни и слободоумни, што не секогаш седело добро со авторитетите во нивните животи. Директорот на училиштето на Милеј, навреден поради нејзините искрени ставови, одбил да ја нарекува Винсент. Наместо тоа, тој ја нарекувал какво било женско име кое започнувало на В.[4] Милеј почна да ги развива нејзините книжевни таленти, со почеток во литературното списание на училиштето, Megunticook. Додека во училиште, таа имала неколку врски со жени, вклучувајќи ја Едит Уин Матисон, која станала глумица во неми филмови.[5]

Кариера

уреди
 
Една Сент-Винсент Милеј, 1914[6]

Милеј доби слава во 1912 година, кога влегла во поетски натпревар со својата песната Ренесанса. Песната нашироко била сметана за најдобра и кога на крајот ѝ беше доделено четвртото место имаше скандал. Победникот Орик Џонс беше меѓу оние кои чувствувале дека Ренесанса беше најдобра песна, и истакна дека "наградата беше толку срам за мене колку ѝ триумф." Победникот на второто место ѝ ја понуди на Милеј својата награда.[7][8]

Нејзината колекција од 1920 година A Few Figs From Thistles привлече контроверзии поради истражувањето на женската сексуалност и феминизмот.[9] Во 1919 година, таа го напиша антивоеното дело Aria da Capo во кое глумила нејзината сестра Норма Милеј. Милеј ја добила Пулицеровата награда за поезија во 1923 година за Ballad of the Harp-Weaver.[10][11]

За време на првата војна Милеј била посветен и активен пацифист; сепак од 1940 година ги поддржувала сојузничките сили.[12] Нејзиниот углед во поетските кругови беше оштетен од нејзините воени дела. Мерл Рубин истакна: "Се чини да таа доби повеќе критики од литературните критичари за поддршката на демократијата отколку што Езра Паунд добил за поддршката на фашизмот."

По нејзината смрт, Њујорк Тајмс ја опиша како "идол на младата генерација во текот на славните рани денови на Гринич Вилиџ [...] Една од најголемите американски поети на нејзиното време."[13] Томас Харди, изјави дека Америка има две големи атракции: облакодерите и поезијата на Една Сент Винсент Милеј.

Надворешни врски

уреди
 
Викицитат има збирка цитати поврзани со:

Наводи

уреди
  1. Obituary Variety, October 25, 1950.
  2. Pulitzer site
  3. Millay, Edna St. Vincent. Selected Poems. Harper Collins, 1991
  4. Epstein, Daniel Mark (2001). What Lips My Lips Have Kissed: The Loves and Love Poems of Edna St. Vincent Millay. New York: Henry Holt. ISBN 0-8050-6727-2.
  5. Millay biography from the Academy of American Poets
  6. Edna St. Vincent Millay at Mitchell Kennerley's house in Mamaroneck, New York - Library of Congress
  7. Joan Dash (1973). A Life of One’s Own: Three Gifted Women and the Men They Married. New York: Harper ¶ Row.
  8. Reuben, Paul P. „Chapter 7: Edna St. Vincent Millay“. PAL: Perspectives in American Literature – A Research and Reference Guide. CSUSTAN. Архивирано од изворникот на 2013-03-27. Посетено на July 2, 2012.
  9. Millay, Edna St. Vincent. A few Figs from Thistles Архивирано на 25 септември 2014 г.
  10. Millay, Edna St. Vincent, "The Ballad of the Harp-Weaver"
  11. „Poetry“, Pulitzer, Посетено на December 9, 2010.
  12. "Edna St. Vincent Millay" Vassar Encyclopaedia, Vassar College
  13. „Edna St. V. Millay Found Dead At 58“, The New York Times (obituary), October 20, 1950, Посетено на 2010-09-13.