Апендицит
Апендицит е воспаление на апендиксот. Најчест причинител е опструкција на апендиксот од фекална маса, меѓутоа во некои случаи настанува воспаление и без опструкција. Чести симптоми се болка во десниот долен дел на абдеоменот, наузеа, повраќање и намален апетит. Сепак, околу 40% од пациентите ги немаат овие типични симптоми.[1] Како што ткивото станува воспалено, настанува оток, снабдувањето со крв е компромитирано, и бактерии може да пролиферираат во ѕидот. Нетретиран, апендиксот може да пукне и да ја ослободи својата содржина во перитонеумот, што претставува животозагрозувачка ситуација.
Наводи
уреди- ↑ Graffeo, Charles S.; Counselman, Francis L. (November 1996). „Appendicitis“. Emergency Medicine Clinics of North America. 14 (4): 653–71. doi:10.1016/s0733-8627(05)70273-x. PMID 8921763.
Надворешни врски
уредиКласификација | |
---|---|
Надворешни извори |