Европска социјалдемократска партија

Европска социјалдемократска партија (ЕСДП) (романски: Partidul Social Democrat European,[5] PSDE) ― средишнолевичарска,[6] популистичка[7] социјалдемократска политичка партија во Молдавија.[8] Основана во 1997 година, партијата има проевропски ставови,[9] и е придружна членка на Партијата на европските социјалисти[10] (ПЕС) и полноправна членка на Социјалистичката интернационала.[11] Според својот статут, ЕСДП се залага дека Молдавија е независна, суверена и демократска држава, заснована на закони и интегрирана во обединетото семејство на европските демократии.[12][13] Одразувајќи ги ставовите на поранешниот водач Маријан Лупу, но и силното влијание на Молдавската православна црква, партијата е поконзервативна за општествените прашања, како што се правата на ЛГБТ.[14][15]

Европска социјалдемократска партија
Partidul Social Democrat European
ПретседателЈон Сула
ОсновачДумитру Дјаков
Прв заменик претседателМирчеа Буга
Гесло„Молдавија поинаква“ (романски: Moldova Altfel)
Основана8 февруари 1997 (1997-02-08)
Штаб„Тигина“ 32, Кишинев
МладинаДемократска младина
Членови  (2019) 5,385Предлошка:Needs update
ИдеологијаСоцијалдемократија[1]
Левичарски популизам[2]
Проевропеизам[3]
Полит. положбаСредишна левица[4]
Меѓународна припадностСоцијалистичка интернационала
Напреден сојуз
Европска припадностПартија на европски социјалисти (членка)
Собрание
0 / 101
Окружни претседатели
1 / 32
Мрежно место
Матична страница
Политика на Молдавија
Политички партии
Избори
Партиски главен штаб во Кишинев, ул. „Букурешти“ 90.

Партијата е основана на 8 февруари 1997 година како Движење за демократска и просперитетна Молдавија (ДДПМ).[16][17][18] На 17 октомври 1998 година, на Конгресот било избрано раководството на партијата и биле усвоени статусот и политичката програма заснована на начелата на социјалдемократијата. На парламентарните избори во март 1998 година,[19][20][21] изборниот блок створен врз основа на Движењето - Блокот за демократска и просперитетна Молдавија освои над 18% од гласовите и 24 места во Собранието соодветно, што ѝ дозволи да учествува во управувањето, во рамките на Сојузот за демократија и реформи (СДР). Од 1997 година до летото 2009 година, партијата беше предводена од Думитру Дјаков, кој бил претседател на парламентот во периодот 1997-2001 година.[22] Во 1999 година, Јон Стурза, претставник на ДДПМ, бил назначен за функцијата премиер.[9]

На 15 април 2000 година, на Конгресот на Движењето за демократска и просперитетна Молдавија било променето името во Демократска партија на Молдавија. На парламентарните избори во февруари 2001 година, ДПМ освоиле 79.757 гласови (5,02%), но не успеале да го надминат изборниот праг од 6%.[19] На 25 мај 2003 година, на локалните избори, партијата освоила над 8,3% од гласовите и зазеде добра положба во земјата.

На 22 ноември 2003 година, на Конгресот биле поставени новите цели на партијата. Еден од основните документи што бил усвоен на Конгресот било новото издание на политичката програма, каде партијата декларира непроменлив карактер на своите опфати и начела. На Конгресот, ДПМ прогласила намера да стане членка на Социјалистичката интернационала и била усвоена Резолуцијата за односите меѓу ДПМ и синдикалното движење. На 8 мај 2004 година, како одговор на очекувањата на гласачите во врска со зајакнувањето на реформските и демократските сили, ДПМ, Сојузот „Наша Молдавија“ и Социјална и либерална партија (СЛП) го основале Демократскиот молдавски блок (ДМБ).[23]

По парламентарните избори одржани на 6 март 2005 година, ДПМ освоила 8 места во парламентот, како единствена партија која ги загубила изборите во 2001 година и се вратила во парламентот во 2005 година. Во октомври 2007 година, пратениците на Социјалната и Либералната партија се приклучиле на пратеничката група на ДПМ и бројот на демократите се зголемил на 11, а ДПМ во тоа време станала трета политичка сила во Собранието.[19]

По спојувањето на ДПМ со Социјалната и Либералната партија,[24] што било одржано на Конгресот на 10 февруари 2008 година, Думитру Дјаков бил повторно избран за претседател на партијата, а поранешниот водач на Социјалната и либералната партија Олег Серебријан станал заменик-претседател. Партиската химна на ДПМ стана БетовеноватаОда на радоста“, која го симболизира проевропскиот вектор на партијата и нејзината приврзаност кон европскиот федералистички тек. На 19 јули 2009 година, Маријан Лупу бил избран за претседател на партијата на вонредниот конгрес на ДПМ.[25]

На 5 април 2009 година на парламентарните избори, ДПМ освоила само 2,97% од гласовите и остана надвор од Собранието.[19] На изборите на 29 јули 2009 година, ДПМ освоила 13 пратенички места и за многу кратко време станала една од четирите компоненти на Сојузот за европска интеграција (СЕИ) која го добил мнозинството во Собранието на Република Молдавија.[19] Маријан Лупу, кандидатот на ДПМ, бил делегиран како кандидат на Сојуз за европска интеграција за функцијата претседател на Република Молдавија на изборите одржани на 10 ноември и 7 декември 2009 година, но не добил доволно гласови.

По предвремените парламентарни избори на 28 ноември 2010 година, ДПМ освоила 15 места во Собранието и станала една од трите компоненти на СЕИ-2.[19] На почетокот на 2013 година, по резонантниот случај „Шума на владеење (Pădurea Domnească“), сојузот се распаднал. Во мај 2013 година, ДПМ (со 15 пратеници), Либералдемократската партија на Молдавија (31 пратеник) и Либералреформистичката партија (7 пратеници) ја образувале новата владина коалиција - Проевропска коалиција.[26]

По парламентарните избори на 30 ноември 2014 година, ДПМ освоиле 15,8% и ја образувале проевропската владина коалиција, со 19 пратеници во Собранието на Република Молдавија. По изборите, ДПМ и Либерално-демократската партија (23 пратеници) ја образувале малцинската владина коалиција - Политички сојуз за европска Молдавија. Од 2009 година, Демократската партија е полноправна членка на Социјалистичката интернационала. Од 2010 до 2015 година, ДПМ била член набљудувач на Партијата на европските социјалисти, а во јуни 2015 година, ДПМ станала придружна членка на Партијата на европските социјалисти.[27]

На 14 јануари 2016 година, Павел Филип, делегиран од ДПМ и поддржан од новото собраниско мнозинство, станал нов кандидат за премиерско место.[28][29] Владата на чело со Филип била изгласана и именувана, со гласовите на 57 пратеници: 20 пратеници на ДПМ, 13 пратеници на ЛП, 14 пратеници на поранешната Комунистичка партија, 8 пратеници и 2 поранешни пратеници на Либералдемократската партија.[30]

Осмиот Конгрес бil свикан по донесените одлуки на состанокот на Политичкиот совет на ДПМ одржан на 10 декември 2016 година кога водачот на партијата, г-дин Маријан Лупу, ја објавил својата оставка од претседателската функција на ДПМ.[31] Главната задача на VIII конгрес бил избор на ново раководство, усвојување на нови промени во статутот на партијата и рационализирање на новите цели за осовременување на партијата.[32] За претседател на ДПМ бил избран Влад Плахотнјук и на конгресот добил едногласни гласови за поддршка на делегатите. Плахотниуч рекол дека ќе се насочи на осовременување на политичката партија, да стане партија која ги промовира интересите на граѓаните, а не геополитичките.[33] Делегатите на конгресот го избрале Филип за прв заменик-претседател на ДПМ, ја изгласале списоко на новиот Национален политички совет и го усвоиле новото издание на Статутот на партијата. Според организаторите, на конгресот учествувале околу 1.000 делегати од сите области на државата и гости од странство.

На 10 март 2017 година, 14-те поранешни комунистички пратеници кои ја образувале Социјалдемократската платформа за Молдавија (СДПМ)[34] се приклучиле на парламентарната фракција на ДПМ.[35][36] Водачот на Демократската фракција, Маријан Лупу, на краткот обраќање со новинарите рекол дека одлуката на 14-те пратеници „е чекор што ќе доведе до зајакнување на парламентарното мнозинство“, со што ДПМ станала најголемата политичка групација во Собранието.[37]

На парламентарните избори во 2019 година, ДПМ добила 23,6 отсто од гласовите, добивајќи 30 места во Собранието, што ја направило втората по големина партија во Молдавија. Партијата преминала во опозиција на новиот кабинет на Санду (создаден од Партијата на социјалистите на Република Молдавија (ПСРМ), Партијата за акција и солидарност (ПАС) и Партијата на платформата за достоинство и вистина). Во ноември 2019 година, Санду била сменета од Собранието на Молдавија преку предлог за недоверба и ДПМ и ПСРМ создале нова коалициска влада. Петнаесет пратеници на ДПМ одбиле да се приклучат на ПСРМ во новата влада и се разделиле, формирајќи ја партијата Про Молдавија, која преминала во опозиција.[38]

Демократската партија на Молдавија започнала постапка на реконструкција во есента 2021 година, при што Моника Бабук била избрана за привремен претседател на ДПМ. Во 2022 година, Демократската партија на Молдавија и Социјалдемократската партија на Романија започнале стратешко партнерство. На 25 август, седиштето на молдавскиот огранок на ПСД било отворено во рамките на штабот на ДПМ, кој го предводел Јурие Чокан.[39][40] На 7 октомври, било организирано првото издание на Форумот на месни избраници на ДПМ и ПСД (Романија), на кој присуствувале над 150 градоначалници, месни, окружни и обласни советници од Романија и Молдавија, под мотото „Обединети од инфраструктурата“.[41] На X конгрес на ДПМ (на кој присуствувале и водачите на ПСД како Марсел Чиолаку, Виктор Негреску и Василе Динчу),[42] било изгласано за промена на името во Европска социјалдемократска партија (романски: Partidul Social Democrat European, PSDE). За претседател на партијата бил избран Јон Сула, а за прв потпретседател Мирчеа Буга.[43] Новото лого на партијата, кое било претставено, било слично на она на ПСД, составено од три рози на цврста, ограничена позадина.

Идеологија

уреди

Доктрината на ПСДЕ се заснова на начелата на социјалдемократијата. Таа ги има следните основни вредности: „Еднаквост, за сите поединци да можат да го остварат својот потенцијал под чесни услови; солидарност, така што сите луѓе имаат сè што им е потребно за пристоен животен стандард; и слобода, за секој поединец да може да го изгради својот/ нејзиниот сопствен личен животен проект“.[9] Полскиот институт за меѓународни односи изјавил дека за време на олигархот Владимир Плахотниуч партијата во пракса била слична на центристичка партија на моќ.[44]

Во рамките на идентитетската полемика, партијата е со нејасен став. Маријан Лупу (тогашен претседател на партијата) во 2014 година рекол дека партијата е центристичка, карактеризирана со современ, проевропски молдавенизам.[45] Од друга страна, во партијата има луѓе кои се сметаат себеси за Романци, а некои дури и го поддржуваат спојувањето со Романија.[46] Сепак, има и советски носталгичари, кои ги сметаат Романците како „фашисти“.[47]

Цели

уреди

Партијата ја изразува својата желба да ги постигне следните цели:[48]

  1. Консолидација на уставниот поредок во државата, гарантирајќи почитување на политичките, економските и социјалните човекови права во согласност со Универзалната декларација за човекови права, Европската конвенција за човекови права и други меѓународни правни инструменти.
  2. Градење и потврда во Република Молдавија на граѓанска нација според принципот "сите ние сме Молдавци како граѓани на Република Молдавија", притоа почитувајќи го правото на секој граѓанин на етничка самоидентификација.
  3. Завршување на процесот на територијална реинтеграција на Република Молдавија преку политички одлуки, на мирен начин.
  4. Доделување на социјално активна улога на државата, која преку силни институции треба да стане балансирачка сила во општеството. Државата е онаа која треба да се грижи за обезбедување на јавна благосостојба, да ги извршува задачите од заеднички интерес, да ја промовира правдата и солидарноста во општеството. Атрибутите на силните јавни институции се добро управување, право и транспарентност
  5. Реформација и модернизација на локалната и централната јавна администрација, чија активност треба да биде усогласена со интересите на земјата и ориентирана кон служење на граѓаните.
  6. Спроведување во Република Молдавија на концептот на моќна социјална држава која има клучна улога во заштитата од социјалните ризици, во обезбедувањето економска и социјална благосостојба на своите граѓани, фокусирањето на образованието, истражувањето, иновациите, културата и придржувањето кон националните вредности.
  7. Спроведување на правото на граѓаните на работа и на правото на градење сопствена иднина во економската и социјалната безбедност. Во таа врска, ДПМ смета дека државата е должна да инвестира во граѓанинот и да обезбеди добро платени работни места и континуирана професионална обука на граѓаните.
  8. Воспоставување фер систем на прераспределба на државните приходи чија цел е обезбедување на пристојни услови за живот на луѓето кои не можат да работат (деца, постари лица, инвалиди итн.) Неопходно е да се развиваат и користат ресурсите на општеството за да се обезбедат еднакви права, да им се даде шанса на сите да создадат сопствена судбина, да ја намалат економската нееднаквост, да се борат против сиромаштијата и да обезбедат социјална правда.
  9. Развој на оптималниот сет на програми за социјална заштита на ранливите општествени групи, обрнувајќи големо внимание на развојот и промовирањето на политиките за социјално вклучување и вработување на инвалиди.
  10. Воспоставување ефикасен здравствен и образовен систем, до кој секој граѓанин треба да има пристап, без оглед на расположливите финансиски средства.
  11. Разновисност и развој на современи програми за обука и посвојување на млади луѓе во согласност со политиките засновани на концептот на активно старост.
  12. Гарантирање на правото на приватна сопственост и обезбедување на слободна и фер конкуренција како основа на пазарната економија, човечкото достоинство и безбедноста. Приватната сопственост е економски израз на слободна иницијатива на граѓанинот и клучен фактор за севкупниот економски напредок, индивидуалната и колективната благосостојба.
  13. Консолидација на репрезентативната демократија за позајмување на поголем кредибилитет на институциите и обезбедување на правото на граѓаните на слободно изразување и учество во процесите на донесување одлуки.
  14. Почитување на човековите права и основните слободи, правото на културен, лингвистички, верски и етнички идентитет на граѓаните на Република Молдавија. Ние се обидуваме да се борат и осудуваат секаков вид на екстремизам, манифестации на расизам, шовинизам, етнички или територијален сепаратизам.
  15. Обезбедување еднакви можности помеѓу мажите и жените, признавање на улогата на жените во семејството и молдавското општество, поддршка и унапредување на родовата еднаквост во одлучувачките структури на партијата и државата.
  16. Развој на рамномерен даночен систем чија цел е гарантирање на безбедноста и помагање во намалувањето на социјалните тензии, како и олеснување на економскиот развој.
  17. Примена на економските политики чија цел е одржлив и рамноправен економски раст низ целата земја врз основа на иновациите, продуктивноста и конкурентноста, создавајќи услови за создавање приходи во буџетите од сите нивоа доволни за да се обезбеди спроведувањето на социјалните политики, како и благосостојбата на населението.
  18. Развој на конкурентна мешана економија, чија цел е комбинирање на динамичен приватен систем, ефективен јавен сектор и систем на квалитетни услуги достапни за граѓаните. Комбинација од напори на овие сектори, вклучувајќи го и со примена на концептот на приватно јавно партнерство.
  19. Спроведување на начелото на одржлив развој чија цел е исполнување на сегашните потреби. Зачувување на животната средина која е загрозена од човечки активности, ризици од климатски промени и губење на биоразновидноста. Државата мора да одговори на сегашните потреби на општеството на начин кој не влијае негативно на иднината на новите генерации.
  20. Зајакнување на уставниот статус на постојаната неутралност.
  21. Промовирање на избалансирана надворешна политика чија цел е обезбедување на имиџот и интересите на Република Молдавија во регионален и глобален контекст, преку интегрирање на Република Молдавија во Европската Унија и развивање на соработката со земјите од ОНД.

Меѓународно членство

уреди

ЕСДП е полноправна членка на Социјалистичката интернационала од 1 јули 2008 година и соработува со Партијата на европските социјалисти и со партии со слична ориентација од други земји. ЕСДП е исто така членка на Прогресивниот сојуз.[49]

Во јуни 2018 година, ЕСДП се приклучила на Социјалдемократската група на Парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа.[50]

Партиски конгреси

уреди
Настан Датум Одлуки и исходи
Уставотворниот конгрес на Општествено-политичкото движење „За демократска и просперитетна Молдавија“ 8 февруари 1997
  • Думитру Дјаков бил избран за претседател;
  • била одобрена програмата на општествено-политичкото движење „За демократска и просперитетна Молдавија“.[51]
Првиот конгрес на партијата 17 октомври 1998
  • Думитру Дјаков бил одново избран за претседател
  • управното тело било избрано;
  • отпочнување на апелот до центристичките партии и движењата за обединување во политичка организација за развојот на земјата.
Вториот конгрес на партијата 15 април 2000
  • Партијата била преорганизирана во Демократска партија на Молдавија (ДПМ);[52]
  • управните тела биле избрани;
  • биле усвоени амандманите на Статутот на партијата;
  • Политичката и економската програма на ДПМ била изгласана;[53]
  • Думитру Дјаков бил одново избран за претседател.
Третиот конгрес на партијата 22 ноември 2003
  • мобилизирање на организациските и информативните ресурси на ДСМ за да се обезбеди усвојување на изборниот праг;
  • биле усвоени амандманите на Статутот на ДПМ.[54]
Четвртиот конгрес на партијата 3 јули 2005
  • составот на партиското раководство е потврден;
  • Думитру Дјаков бил одново избран за претседател.
Петтиот конгрес на партијата 10 февруари 2008
  • Социјалната и либералната партија се споиле со Демократската партија на Молдавија, продолжувајќи под името Демократската партија на Молдавија;
  • зајакнувањето на политичкиот центар од Република Молдавија во контекст на подготовките за парламентарните избори во 2009 година;[55]
  • новото раководство на партијата било избрано: Думитру Дјаков бил избран за претседател на обединетата партија, Олег Серебраријан — за зам. претседател на ДПМ, Оазу Нантои, Валентина Булига, Игор Клипии, Валентина Стратан шуи Думитру Иванов са избрани за зам. претседатели на ДПМ, Олег Цулеа, водач на Младинската организација на Демократичката партија, бил назначен за генерален секретар на партијата;
Вонредниот шести конгрес на партијата 19 јули 2009
  • имало промени во Статутот на партијата;
  • Мариjан Лупу бил избран за претседател;
  • Думитру Дјаков бил избран за почесен претседател на партијата;
  • Олег Серебрајан ја задржал својата положба како првиот заменик-претседател;
  • Валериу Лазар (поранешен министер за економија и трговија) бил избран за генерален секретар;
  • за заменик-претседатели, биле назначени за Игор Корман, Олег Цулеа, Оазу Нантои, Валентина Стратан, Игор Клипии шу Валентина Булига;
  • Членови на партијата на комунистите на Република Молдавија и СДП (од окружните организации на СДП: Глодени, Белц, Анемии Ној) се придружиле на партијата;
  • Водачот на општествено-политичкото движење „Нова сила“, Валериу Плешка, објави дека Движењето ќе ја поддржи ДПМ на изборите на 29 април 2009 година,[56] но понатаму ќе се приклучел на ДПМ.
Седмиот конгрес на партијата 16 јуни 2012
  • имало усвоени мерки за осовременување на ДПМ во постојниот политички контекст и избор на новите управни тела на партијата;
  • Маријан Лупу бил избран за претседател;
  • Владимир Плахотнјук бил избран за прв заменик-претседател;
  • бил избран Националниот политички совет на партијата, Националната комисија за цензори и Комисијата за етика и арбитража;
  • биле одобрени новите законски документи на ДПМ, вклучувајќи го Статутот и Политичката доктрина.
Осмиот конгрес на партијата 24 декември 2016
  • водачот на партијата, Маријан Лупу, ја објавил својата оставка како претседател на ДПМ;
  • Влад Плахотнјук бил избран за претседател на ДПМ;
  • Павел Филип бил избран за прв заменик-претседател;[57]
  • бил изгласан списокот на новиот Политички национален совет;
  • била усвоена нова верзија на Статутот на партијата.[58]
Деветтиот конгрес на партијата 7 септември 2019
  • Павел Филип бил избран за положбата претседател на ДПМ;[59][60]
  • Александру Жиздан бил избран за генерален секретар на ДПМ;[61][62]
  • усвоена е политичката Декларација и Резолуцијата на Конгресот;
  • бил изгласан нов список на Националниот политички совет;
  • промените во Статутот на ДПМ биле одобрени.[63]
Десеттиот конгрес на партијата 20 ноември 2022
  • Било изгласано за промена на името на партијата во Европската социјалдемократска партија (ЕСДП);
  • Било договорено да започне стратешко партнерство помеѓу ЕСДП и Романската социјалдемократска партија[42]
  • Јон Сула бил избран за претседател;
  • Мирчеа Буга бил избран за прв заменик-претседател;
  • Ермеј Присеајнјук и Вадим Бринзанјук биле избрани за потпретседатели.
  • Думитру Дијаков бил отстранет од позицијата почесен претседател;[64][65]

Организација

уреди

Логото на ДПМ е составено од три рози кои растат од стебло, крунисано со полукруг.[66]

Националниот политички совет на ДПМ е раководно тело на партијата во периодот помеѓу два конгреси. Седницата на Националниот политички совет се свикува најмалку двапати годишно од страна на претседателот на ДПМ или на барање на најмалку 1/3 од членовите на Националниот политички совет. Националниот политички совет на ДПМ го избира Конгресот со мандат од четири години,[67] бројчаниот состав е одредуван со одлуката на Конгресот на ДПМ. Политичкиот совет е претставник на членовите на сите области на земјата, со што се обезбедува вреднување и почитување на моќта за одлучување на членовите на ДПМ.

Извршниот одбор на ДПМ е извршното тело за одлучување на ДПМ, кое ја координира активноста на последниот во периодот помеѓу состаноците на Националниот политички совет. Извршниот одбор се избира со мандат од четири и составен од 31 член. Постојаното биро е орган кој врши оперативна анализа и синтеза на активноста на партијата во периодот помеѓу состаноците на Националниот политички совет и Извршниот одбор и се свикува неделно или по потреба, на барање на претседателот на ДПМ. Постојаното биро на ДПМ ги собира претседателот, првиот заменик-претседател, почесниот претседател, заменик-претседателите и генералниот секретар на ДПМ. Ова раководство има мандат од членовите на партијата да ги анализира и одлучува за секојдневните политички активности на ДПМ.[68]

ДПМ вклучува Организација на жени, Демократска младина, Организација на стари лица „Богатство на нацијата“ и месни избрани функционери. Организацијата на жените е најмоќната, најактивна и најрепрезентативна партиска организација на жените во Молдавија.[69] Од јули 2018 година, членството на партијата беше ок. 54.200.[70]

Водство

уреди
  • Претседател – Јон Сула
  • Прв потпретседател – Мирчеа Буга
  • Потпретседатели – Еремеј Присеајнук и Вадим Бринзанјучк

Резултати од изборите

уреди
Собраниски
Избори Водач Учинок Ранг Влада
Гласови % ± разлика Места +/–
1998 Думитру Дјаков 294,691
18,16%
(ЗДПМ[б 1])
нова
21 / 101
нова 3. Коалиција (СДР: ДКМ-ЗДПМ-ПДС)
Коалиција (СДР: ДКМ-ЗДПМ-ПДС)
Поддржана (НезависниБС)
2001 79,757
5,02%
13.14
0 / 101
21 5. Вонсобраниска (ПКРМ)
2005 444,377
28,53%
(ИЗДМ[б 2])
23.51
8 / 101
8 2. Опозиција (ПКРМ)
Опозиција (ПКРМ)
2009 (април) 45,698
2,97%
25.56
0 / 101
8 7. Вонсобраниска (ПКРМ)
2009 (јули) Маријан Лупу 198,268
12,54%
5.57
13 / 101
13 4. Коалиција (СЕИ: ЛДПМ-ДПМ-ЛП-СНМ)
2010 218,620
12,70%
0.16
15 / 101
2 3. Коалиција (СЕИ: ЛДПМ-ДПМ-ЛФП)
Коалиција (ПЕК: ЛДПМ-ДПМ-ЛФП)
2014 252,489
15,80%
3.10
19 / 101
4 4. Коалиција (ПСЕМ: ЛДПМ-ДПМ)
Коалиција (ПСЕМ III: ЛДПМ-ДПМ-ЛП)
Коалиција (ДПМ-ЕНПМ-ЛП)
2019 Владимир Плахотнјук 334,539
23,62%
7.82
30 / 101
11 2. Опозиција (ПСРМ-СЕГА: ПДС-ПДВП)
Коалиција (ПСРМ-ДПМ)
2021 Павел Филип 26,545
1,81%
21.81
0 / 101
30 6. Вонсобраниска (ПДС)

Во 2005 година, ДПМ учествувала на изборите со Сојузот „Наша Молдавија“. ДПМ во 2018 година ја образувала најголемата парламентарна фракција во Собранието со 42 пратенички мандати.[71][72]

Претседателски
Избори Кандидат Прв круг Втор круг Исход
Гласови % Гласови %
2001 Вонсобраниски Пораз  Н
2005 Потврден Владимир Воронин 75[б 1]
74,26%
Избран  Д
2009 (мај-јуни) Вонсобраниски Без победник
2009 (ноември-декември) Маријан Лупу 53[б 2]
52,48%
53[б 3]
52,48%
Без победник
2011–2012 Потврден Николае Тимофти 62[б 4]
61,39%
Избран  Д
2016 Потврдена Маја Санду 549,152
38,71%
766,593
47,89%
Пораз  Н
2020 Павел Филип Се повлекол од изборите Пораз  Н

Локални избори

уреди

Окружни и општински совети

уреди
Година на избори Број на гласови % од гласовите Број на мест
2007 112.242 9.7
117 / 1.103
2011 212.504 15.4
226 / 1.120
2015 226.661 17.6
259 / 1.116
2019[73] 177.811 16.5
238 / 1.108

Во 2017 година, бројот на претставници на водечките позиции е 31 лице (претседатели и заменици на окрузите).[74]

Градски и селски совети

уреди
Година на избори Број на гласови % од гласовите Број на места
2007 105.888 10.5
1.155 / 10.621
2011 209.284 18.8
2.663 / 10.630
2015 232.460 21.9
2.810 / 10.564

Градоначалници

уреди
Година на избори Градоначалници % од гласовите Број на места
2007 74 8.2
74 / 895
2011 220 24.5
220 / 898
2015 287 32
287 / 898
2017[75] 396 44
396 / 898
2019[76] 261 29
261 / 898

Забелешки

уреди
  1. Претседателот бил избран од 101 пратеник од Собранието. 61 глас бил потребен за да биде успешно.
  2. Претседателот бил избран од 101 пратеник од Собранието. 61 глас бил потребен за да биде успешно.
  3. Претседателот бил избран од 101 пратеник од Собранието. 61 глас бил потребен за да биде успешно.
  4. Претседателот бил избран од 101 пратеник од Собранието.

Наводи

уреди
  1. „Partidul Social Democrat European din Republica Moldova este succesorul PDM. Formaţiunea are o conducere şi simbol nou, un Statut şi un Program modificat“. 21 ноември 2022.
  2. „Moldova's Pro-EU Bloc Fears Anti-Reform Government“. 3 мај 2019.
  3. „History of DPM“. Архивирано од изворникот на 9 август 2019. Посетено на 1 април 2024.
  4. „Partidul Social Democrat European este succesorul PDM. Formaţiunea are o conducere şi simbol nou, un Statut şi un Program modificat“. 20 ноември 2022. Архивирано од изворникот на 4 јуни 2023. Посетено на 1 април 2024.
  5. „Congresul PDM: Formațiunea și-a schimbat denumirea și conducerea“.
  6. Andrei Brezianu; Vlad Spânu (26 мај 2010). The A to Z of Moldova. Scarecrow Press. стр. 116. ISBN 978-1-4616-7203-6.
  7. Necșuțu, Mădălin (3 мај 2019). „Moldova's Pro-EU Bloc Fears Anti-Reform Government“. BalkanInsight. Посетено на 1 април 2024.
  8. Nordsieck, Wolfram (2019). „Moldova“. Parties and Elections in Europe. Посетено на 1 април 2024.
  9. 9,0 9,1 9,2 „History of PDM“. Democratic Party of Moldova (англиски). Архивирано од изворникот на 9 август 2019. Посетено на 1 април 2024.
  10. „Democratic Party of Moldova welcomed into PES family“. Архивирано од изворникот на 5 август 2014. Посетено на 1 април 2024.
  11. „Full Member Parties“. Социјалистичка интернационала. Посетено на 1 април 2024.
  12. „Statute“. Democratic Party of Moldova. Архивирано од изворникот на 31 март 2023. Посетено на 1 април 2024.
  13. Partidul Democrat din Moldova (PDM) eDemocracy
  14. „Marian Lupu: "Nu vreau familii homosexuale și parade cu băieței în chiloței". 22 мај 2012.
  15. Moldova, Europa Liberă (22 мај 2012). „Liderul PD Marian Lupu condamnă homosexualitatea dar anunță că deputații partidului vor vota Legea denumită a șanselor egale“. Radio Europa Liberă.
  16. „Members“. Socialist International. Посетено на 1 април 2024.
  17. http://tribuna.md/2018/02/08/zi-importanta-pentru-pdm-dumitru-diacov-la-8-februarie-1997-a-avut-loc-congresul-de-constituire-al-formatiunii/?fb_comment_id=1583965548319055_1584090754973201#f73b867affb39c Архивирано на 4 декември 2020. AN IMPORTANT DAY FOR PDM!
  18. http://www.e-democracy.md/parties/pdm/ Partidul Democrat din Moldova (PDM), Пристапено на 1 април 2024
  19. 19,0 19,1 19,2 19,3 19,4 19,5 Moldova, Europa Liberă (2 октомври 2014), „Istoria alegerilor parlamentare în Republica Moldova“, Radio Europa Liberă, Посетено на 1 април 2024
  20. http://www.e-democracy.md/elections/parliamentary/1998/ Alegerile parlamentare în Moldova din 22 martie 1998, Пристапено на 1 април 2024
  21. http://today.md/ro/news/politic/5281 Архивирано на 25 септември 2018. Scurt istoric al alegerilor din Republica Moldova, пристапено на 1 април 2024
  22. https://unimedia.info/tag/diacov-dumitru Архивирано на 7 март 2018. Dumitru Diacov, пристапено на 1 април 2024
  23. Publika. Md (13 мај 2010), „Ţara noastră are o experienţă bogată în ceea ce priveşte blocurile electorale“, PUBLIKA.MD - AICI SUNT ȘTIRILE, Посетено на 1 април 2024
  24. Lansford, Tom (20 March 2014). Political Handbook of the World 2014. SAGE Publications. ISBN 9781483333274. Посетено на 11 March 2023 – преку Google Books.
  25. „(FOTO, VIDEO) Comentariu LIVE: Marian Lupu a fost ales președinte al Partidului Democrat din Moldova“, UNIMEDIA, Посетено на 1 април 2024
  26. „Noua alianță de guvernare a fost creată!“, Point.md, Посетено на 1 април 2024
  27. ȘTIRILE, PUBLIKA MD-AICI SUNT (13 June 2015). „Partidul Democrat din Moldova a devenit membru asociat al Partidului Socialiştilor Europeni | PUBLIKA .MD - AICI SUNT ȘTIRILE“. www.publika.md. Архивирано од изворникот на 24 април 2019. Посетено на 1 април 2024.
  28. https://revista22.ro/70251280/pavel-filip-noul-candidat-propus-de-partidul-democrat-pentru-functia-de-prim-ministru.html Pavel Filip, noul candidat propus de Partidul Democrat pentru functia de prim-ministru, пристапено на 1 април 2024.
  29. https://noi.md/md/news_id/76660?fb_comment_id=925123564222406_925362997531796 Pavel Filip, noul candidat PD la funcția de prim-ministru înaintat de PDM și susținut de noua majoritate parlamentară, пристапено на 1 април 2024.
  30. ȘTIRILE, PUBLIKA MD-AICI SUNT (20 јануари 2016). „GUVERNUL Pavel Filip a fost învestit în Parlament (FOTOREPORT) | PUBLIKA .MD - AICI SUNT ȘTIRILE“. www.publika.md. Архивирано од изворникот на 28 октомври 2020. Посетено на 1 април 2024.
  31. „VIDEO // Membrii PD s-au reunit la Congresul VIII. Cine este NOUL LIDER al partidului de guvernământ“, Ziarulnational.md/live-membrii-pd-s-au-reunit-la-congresul-viii-cine-este-noul-lider-al-partidului-de-guvernamant/, Посетено на 1 април 2024
  32. „Andrian Candu, la Congresul VIII al PD: Astăzi începe o nouă etapă pentru partidul nostru“, UNIMEDIA, Посетено на 1 април 2024
  33. „Vladimir Plahotniuc, noul președinte al PD: "A venit vremea tuturor celor care fură să stea la pușcărie", Anticoruptie.md/ro/stiri/vladimir-plahotniuc-noul-presedinte-al-pd-a-venit-vremea-tuturor-celor-care-fura-sa-stea-la-puscarie, Посетено на 1 април 2024
  34. „14 deputați au creat Platforma Social Democrată. Vor participa la crearea majorității la propunerea PDM“, Today.md, Архивирано од изворникот на 25 септември 2018, Посетено на 1 април 2024
  35. „CINE sunt cei 14 deputati care au parasit fractiunea PCRM“, protv.md, Посетено на 1 април 2024
  36. „Şi-au OFICIALIZAT relaţia: Cei 14 deputaţi transfugi, care au părăsit PCRM şi au votat pentru Guvernul Filip, se alătură fracţiunii PD“, Jurnal.md/ro/politic/2017/3/10/si-au-oficializat-relatia-cei-14-deputati-transfugi-care-au-parasit-pcrm-si-au-votat-pentru-guvernul-filip-se-alatura-fractiunii-pd/, Посетено на 1 април 2024
  37. „Cei 14 foști deputați comuniști au aderat la fracțiunea PD“, Timpul - Ştiri din Moldova, Посетено на 1 април 2024
  38. „Partidul politic Pro Moldova, înregistrat oficial. Candu: "Pro Moldova își va începe activitatea politică" (романски). Посетено на 1 април 2024.
  39. Moldova, Europa Liberă (30 октомври 2021). „Monica Babuc a fost aleasă președintă interimară a PDM“. Radio Europa Liberă.
  40. „PSD Moldova se mută în sediul democraților: "Un spațiu de prietenie și de colaborare permanent".
  41. „Senatorul Titus Corlăţean a declarat la Chișinău că Unirea se poate face prin infrastructură și dezvoltare regională“.
  42. 42,0 42,1 „PDM-ul lui Plahotniuc a ajuns PSDE. Ciolacu:"Aici este resursa cea mai importantă care face puntea dintre DVS și români". 21 ноември 2022. Архивирано од изворникот на 2023-09-28. Посетено на 2024-04-01.
  43. „Oficial! PDM, redenumit în PSDE. Cine vor fi președintele și vicepreședinții formațiunii“. Посетено на 1 април 2024.
  44. „Possible Consequences of the Presidential Elections in the Republic of Moldova“. Polish Institute of International Affairs. 28 октомври 2016. Посетено на 1 април 2024.
  45. „Marian Lupu: Limba de stat a Republicii Moldova e moldoveneasca, rusa trebuie să fie obligatorie în şcoli, iar noţiunea de limbă română e propagată excesiv“. 30 мај 2014.
  46. „PDM, la ședința dedicată aniversării a 103-a de la Unirea Basarabiei cu România: Unitatea prin cuget și simțiri se face prin fapte“. 28 март 2021.
  47. „Ziua Eliberării de sub "ocupaţia fascistă românească"- proiect de lege“. 24 март 2014.
  48. „Objectives“. Democratic Party of Moldova (англиски). Архивирано од изворникот на 2023-03-31. Посетено на 1 април 2024.
  49. „Parties & Organisations“. Архивирано од изворникот на 2020-04-24. Посетено на 2024-04-01.
  50. „ДПМ была принята в Группу социал-демократов Парламентской ассамблеи ОБСЕ“. point.md. Посетено на 2 април 2024.
  51. E-democracy.md/files/parties/mpmdp-program-1997-ro.pdf (PDF) http://www.e-democracy.md/files/parties/mpmdp-program-1997-ro.pdf, Посетено на 2 април 2024 Отсутно или празно |title= (help)
  52. „Politics of Moldova“, Politics.md/?party=1, 21 август 2015, Посетено на 2 април 2024
  53. E-democracy.md/files/parties/pdm-program-2000-ro.pdf (PDF) http://www.e-democracy.md/files/parties/pdm-program-2000-ro.pdf, Посетено на 2 април 2024 Отсутно или празно |title= (help)
  54. E-democracy.md/files/parties/pdm-statute-2003-ro.pdf (PDF) http://www.e-democracy.md/files/parties/pdm-statute-2003-ro.pdf, Посетено на 2 април 2024 Отсутно или празно |title= (help)
  55. „Alegerile parlamentare în Moldova din 5 aprilie 2009 / alegeri.md“, E-democracy.md/elections/parliamentary/2009/, Посетено на 2 април 2024
  56. „Alegerile parlamentare anticipate în Moldova din 29 iulie 2009 / alegeri.md“, E-democracy.md/elections/parliamentary/20092/, Посетено на 2 април 2024
  57. „Mesajul lui Filip la Congresul PDM: Îmi doresc ca în 2017-2018 deja să nu mai gestionăm crize, ci să dezvoltăm Republica Moldova“, All Moldova, Архивирано од изворникот на 18 септември 2018, Посетено на 2 април 2024
  58. „Partidul Democrat din Moldova (PDM) / partide.md“, E-democracy.md/parties/pdm/, Посетено на 2 април 2024
  59. „Pavel Filip a fost ales în funcția de președinte al Partidului Democrat“, Partidul Democrat din Moldova, 7 септември 2019, Архивирано од изворникот на 30 септември 2019, Посетено на 2 април 2024
  60. „Pavel Filip, noul președinte al PDM“, TRM, 7 септември 2019, Посетено на 2 април 2024
  61. „Alexandru Jizdan – votat în funcția de secretar general al PDM“, Curentul.md, Посетено на 2 април 2024
  62. „Alexandru Jizdan, noul secretar general al PDM“, Oficial.md, 7 септември 2019, Посетено на 2 април 2024
  63. „Congresul IX extraordinar al PDM“, Partidul Democrat din Moldova, 7 септември 2019, Архивирано од изворникот на 30 септември 2019, Посетено на 2 април 2024
  64. „(video) Partidul Democrat a dispărut: Ce nume și-a luat la congresul de astăzi. Dumitru Diacov a părăsit formațiunea“. 20 ноември 2022.
  65. „Diacov nu va adera la PSDE. Anunțul făcut după congres“.
  66. „Din sigla PDM – de ce oare? - au picat două frunze…“. Timpul - Ştiri din Moldova. Посетено на 2 април 2024.
  67. "National Political Council DPM" Архивирано на 24 април 2019 г..
  68. http://www.pdm.md/en/standing-bureau/ Архивирано на 3 мај 2019 г. Standing Bureau
  69. „Organizaţia de Femei a PDM a anunţat 10 obiective prioritare“. Timpul - Ştiri din Moldova. 7 февруари 2014. Посетено на 2 април 2024.
  70. „Partidul Democrat din Moldova (PDM) / partide.md“. www.e-democracy.md. Посетено на 2 април 2024.
  71. Numărul de mandate
  72. Fracţiuni parlamentare
  73. „Rezultatele alegerilor locale generale din 2019 - alegeri.md“, Alegeri.md/w/rezultatele_alegerilor_locale_generale_din_2019, Посетено на 2 април 2024
  74. „Number of representatives with leading positions“. Архивирано од изворникот на 24 април 2019. Посетено на 2 април 2024.
  75. „Number of mayors“. Архивирано од изворникот на 24 April 2019. Посетено на 21 July 2018.
  76. „alegeri.md - Alegeri în Republica Moldova“, Alegeri.md/w/pagina_principal%c4%83, Посетено на 29 October 2019

Надворешни врски

уреди