Маја Санду (родена на 24 мај 1972) — молдавски економист кој служел како министер за образование и наука на Молдавија од 2012 до 2015 година.

Маја Санду
Маја Санду
Министер за образование на Молдавија
На должноста
24 July 2012 – 30 July 2015
Премиер Влад Филат
Јуријe Љанка
Кирил Габуричи
Наталија Герман (привремен)
Претходник Михаил Шљахтицки
Наследник Корина Фусу
Лични податоци
Роден(а) 24 мај 1972(1972-05-24)(52 г.)
Рисипиени, Фалешти, Молдавија
Партија Акција и солидарност (2016-present)
Либерална демократска партија (2012–2015)
Установа Академија за економски студии на Молдавија
Академија за јавна администрација
Факултет за менаџмент Џон Ф. Кенеди
Професија Економист
Воена служба
Чин Вонреден и ополномоштен амбасадор

Во 2016 година, Маја Санду беше кандидат за претседател на Молдавија. Таа се залагала за евроинтеграција и била еден од двајца кандидати во втората фаза на изборите.[1]

Животопис

уреди

Маја Санду е родена на 24 мај 1972 година во селото Риаипени, во регионот Фалешти, во Советска Молдавија, во семејството на Григориј и Емилија Санду. Таа зборува англиски, романски, руски и шпански јазик.

Од 1989 до 1994 година, Санду студирала менаџмент на Академијата за економски студии на Молдавија (ASEM). Потоа, од 1995 до 1998 година, таа студирала меѓународни односи на Академијата на Јавната Администрација (AAP) во Кишинев. Во 2010 година, таа дипломирала од Факултетот за менаџмент Џон Ф. Кенеди при универзитетот Харвард.

Кариера

уреди
 
Санду при средба со Овидиу Рјеци во јануари 2016 година

Од 2010 до 2012 година, Санду работела како советник на извршниот директор на Светската банка во Вашингтон. Од 2012 до 2015 година, таа била министер за образование на Молдавија. На 23 јули 2015 таа беше предложена од страна на Либералната демократска партија како кандидат за премиер на Молдавија, наследувајќи ги Наталија Герман и Кирил Габуричи.[2] Еден ден откако беше предложена од страна на обновената проевропска коалиција, Санду ги постави оставките на шефот на Народната банка на Молдавија, Дорин Драгурану и на државниот обвинител Корнелиу Гурин како услови за нејзино прифаќање на предлогот.[3] Но тоа не се слуќи и Валериу Стрелет беше номиниран наместо Sandu од страна на претседателот на Молдавија.

На 23 декември 2015 година таа ја започна платформата "În /pas/ cu Maia Sandu" ("Биди во чекор со Маја Санду"), која подоцна стана политичка партија наречена "Partidul Acțiune și Solidaritate" ("Партија на акција и солидарност").

Во 2016 година, Маја Санду беше кандидат за претседател на Молдавија. Таа се залагала за евроинтеграција и била еден од двајца кандидати во втората фаза од изборите.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 https://www.theguardian.com/world/2016/oct/31/moldova-to-hold-runoff-election-for-president
  2. „Ex-World Bank economist set to become prime minister in Moldova“. www.dw.com/en. Посетено на 2015-07-24.
  3. „Moldova PM nominee pushes tough demands for taking top job“. www.reuters.com/. Архивирано од изворникот на 2015-10-11. Посетено на 2015-07-25.

Надворешни врски

уреди