Европа (претпријатие)

Европа — македонско претпријатие коешто се занимава со производство на кондиторски производи. Претпријатието било основано во 1882 година и е најстар производител на кондиторски производи на Балканот. Така, пренесувајќи го искуството и зголемувајќи го квалитетот низ повеќе генерации, таа станува она што е денес – стабилна индустриска компанија со производство од околу 5.000 тона годишно и продажба на странски и домашен пазар[1].

Европа
претпријатие Скопје
Видфабрика
ДејностПроизводство
Основано1882
Седиштеул. “808” бр.8 1000 Скопје, Македонија, ,
Клучни личности
Производичоколади и чоколадирани десерти, желе бонбони и гумени бонбони,брашнено кондиторски производи
ПодружнициЕвропа
Мреж. местоhttp://www.evropa.com.mk

Почетоци

уреди

Веројатно доволно е да се каже дека успешно функционира на пазарот од 1882 година, за да знаеме дека станува збор за “Европа“. Европа своите почетоци ги започнала како занаетчиска работилница за производство на бонбони, локум и слични производи од шеќер. За разлика од тогаш, денес таа е модернизирана фабрика за чоколади, вафли и бонбони која може да се пофали со своите достигнувања, a за непогрешливиот квалитет на производите, доволно говорат сертификатите за исполнување на потребните стандарди.

“Европа“ е секогаш во чекор со интересите на своите купувачи и современите трендови во кондиторската индустрија, што е повод за ребрендирање на голем број производи и поттик за развој на нови. Elite темните и бели чоколади, Integralissimo интегралните бисквити, Euka Mentol и Ice бонбоните се само дел од изненадувањата кои “Европа“ континуирано ги подготвува за своите верни потрошувачи. Постојано се работи на нови грамажи на производите и редизајн на веќе постоечките амбалажи.

“Европа” не застанува ниту за миг, и целосно е насочена кон вложување во модерни машини за производство и пакување со цел следење на трендовите во пакувањата на производите на европскиот пазар.

Доказ за стабилноста на компанијата е и тоа што во услови на глобална економска криза која го потресе светот во изминатиот период, сѐ уште е присутна во Еврозоната, и остварува позитивни финансиски резултати.

Производи

уреди
  • Чоколади
  • Чоколадирани десерти
  • Желе бонбони
  • Гумени бонбони
  • Брашнено кондиторски производи

Општествена одговорност

уреди

“Европа” е компанија ориентирана кон вредности и затоа сметаме дека наша должност е да се однесуваме одговорно кон општеството во кое работиме. Со цел да придонесеме кон одржливоста на општествениот развој, активно соработуваме со нашите вработени, локалната заедница и општеството воопшто поради овозможување на што поквалитетен живот за сите.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Evropa“. www.evropa.com.mk. Архивирано од изворникот на 2018-08-08. Посетено на 2018-08-16.