Евдокија Бајана
Евдокија Бајана (починала на 12 април 901 во Цариград) била византиска царица, трета сопруга на царот Лав VI Мудриот.
Евдокија Бајана | |
---|---|
Византиска царица | |
Сопруга на византискиот цар | |
На престол | 900–901 |
Починал(а) | 901 Цариград |
Почивалиште | |
Сопружник | Лав VI Мудриот |
Деца | Василиј ? |
Династија | Македонска династија |
Според Теофан Исповедник, Евдокија потекнувала од темата Опсикион. Се омажила за цар Лав VI во пролетта 900 година. Ова бил трет брак на царот. Претходните две сопруги на Лав VI починале без да му родат машки наследник. Од нив царот имал неколку ќерки. Лав VI се надевал дека од бракот со Евдокија ќе се роди машки наследник на престолот. Ѓорѓи Острогорски споменува дека овој брак противречел на тогашните византиски закони и на практиката во православниот свет, поради што царот требало да побара дозвола да се омажи по третпат од патријарх Антониј II Цариградски.
Евдокија починала година подоцна, на 12 април 901 година, при раѓањето на своето прво дете. Теофан споменува дека детето било момче кое останало некрстено. Во "За церемониите" меѓу имињата на децата на Лав VI се споменува и името Василиј што може да се идентификува со името на мртвородениот син на Евдокија. Во своето дело, Константин VII споменува дека Евдокија била погребана во црквата "Св. Апостоли" во Цариград.
По смртта на Евдокија царот се оженил за Зоја Карбонопсина кој брак не бил признат од црквата за легитимен.
Литература
уреди- Theophanes Continuatus, Chronicle.
- Symeon Metaphrastes, Chronicle.
- Constantine VII, De Ceremoniis.
Надворешни врски
уредиПретходник Зоја Зауцена |
Византиска царица 900–901 |
Наследник Зоја Карбонопсина |