The Chap

(Пренасочено од Д Чеп)

The Chap (транскр. Д Чеп) е име на британско тримесечно списание и сродни книги чиј уредник е Густав Темпл, кој предлага враќање на отмениот начин на живот, со твид, пушење на луле, опиум, брог-чевли и добро испеглани панталони. Во списанието се појавуваат истакнати „чеповци“ како Џон Купер Кларк, Лезли Филипс, Марк Кетис и Мис Мартиндејл. Во него се даваат напатствија за нега на мустаќи од Мајкл „Етерс“ Етри и кројачки совети од Дејвид Саксби.

Корица на едно издание на The Chap

„Чепистите“ предлагаат револуција заснована не на насилство или бомбардирање, туку на навистина фино облекување и однесување. Тие ја сплотуваат декаденцијата со активизамот и досега имаат организирано протести против современите уметнички инсталации и вулгарни копрорации како Геп, Старбакс и Најки. Може и да се рече дека, додека чепизмот е секако искрен во ценењето на британската култура и нејзината љубов кон традицијата, тој е сепак влече цврсти корени од ситуационистичкиот огранок на анархизмот со повеќе од повремени елементи на дадаизам.

Иако понекогаш погрешно се смета за памфлет кој ги рефлектира деснистичките ставови на старите Итонци, The Chap е дефинитивно сатирична операција, чија приврзаност кон поаспурдните ексцентричности на британската аристократија во опаѓање понекогаш ги збунува неговите противници. Токму апсурдизмот е главната водечка сила, што може да се забележи од нивниот избор на плетки од 1950-тите за корици, заедно со субверзните графики од Масонеријата и советската пропаганда. The Chap за првпат излегол во 1999 како противотров на момчешките списанија, но и денеска тој не помалку отскокнува меѓу огромната збрка нисковредни неделни списанија. Но сепак пораката на ова списание излегува на виделина - за ова сведочи фактот дека уште од 1960-тите години толкав број на членови на поп групи не носеле трегери, вратоврски и трилбија како денес.

Надворешни врски

уреди