Душко Златковски
Душко Златковски (роден на 21 декември 1931 година во Куманово) — македонски градежен инженер, редовен професор на Градежниот факултет во Скопје од 1981 до пензионирањето во 1996 година по групата предмети Железници. Бил директор на градежниот погон на „Македонски железници”, а на Факултетот работел од 1972 година, успешно продолжувајќи го активното учество во развојот и изградбата на железничката и патната мрежа во Македонија. Напишал учебник по предметот „Горен строј на железници“. Бил декан на Градежниот факултет (1993–1995)[1].
Душко Златковски | ||
Роден | 21 декември 1931 Куманово, Кралство Југославија | |
---|---|---|
Занимање | градежен инженер професор |
Наводи
уреди- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Златковски“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 572. Text "series " ignored (help)