Национални паркови во Црна Гора

список на статии на Викимедија

Црна Гора има пет национални парка, што зафаќаат околу 10 отсто од површината на земјата. Со нив раководи службата Национални паркови на Црна Гора (Nacionalni parkovi Crne Gore).

Покрај ова, во план е и прогласувањето на планината Орјен и нејзиното подрачје за шести национален парк.[1]

Парковите се следниве:


  Прогласено за светско наследство на УНЕСКО
Име Слика Подрачје (општини) Површина (ха) Прогласен
Дурмитор северозападна Црна Гора
(Жабљак, Шавник, Плужине,
Плевља и Мојковац)
39.000 1952
Биоградска Гора североисточна Црна Гора
(Колашин, Мојковац, Беране
и Андриевица)
5.650 1952
Ловќен јужна Црна Гора
(Цетиње и Будва)
6.220 1952
Скадарско Езеро југоисточна Црна Гора
(Подгорица, Бар и Цетиње)
40.000 1983
Проклетие источна Црна Гора
(Плав)
16.630 2009

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Prokletije i Orijen postaju nacionalni parkovi посет. 15 април 2013 г

Надворешни врски

уреди