Дукас Гајдаѕис

андартски капетан

Дукас Гајдаѕис Дукас (грчки: Δούκας Γαϊτατζής Δούκας), наречен капетан Зервас (грчки: Καπετάν Ζέρβας), е андартски капетан и учесник во Борбата за Македонија.

Дукас Гајдаѕис
Роден 1879
Сер, денес Грција
Починал 1938
Париз, Франција

Животопис

уреди

Дукас е роден 1879 година во Сер, тогаш во Османлиското Царство, а денес во Грција. Неговиот татко имал преачница голем дуќан.

 
Четата на капетан Дукас.

Уште како млад во 1900 година се приклучил на грчката вооружена пропаганда и станал агент на грчкиот конзулат. По неуспешниот обид за ликвидација на Стојан од Ореховец бил принуден да ја напушти Македонија и да замине за Атина.

 
Пресретнување на четата на Дукас и Вуласик во Сер по Младотурската револуција.

Во Грција Дукас се стекнал со воено образование и во 1904 година со андартската чета на капетан Вардас (Георгиос Цондос) во Западна Македонија, а подоцна станал заменик на капетанот Рувас (Георгиос Катехакис).

Потоа се префрлил во Ениџевардарско со цел да ги отстрани четите на Македонската револуционерна организација од таа област.

Во 1905 година со чета од 20 души се префрлил во Серско [1].

На 12 јануари 1907 година во Грачен (денес Агиохори, Грција) спровел казнена акција при која настрадало седумчленото семејство на Тодор Паница [2].

Во текот на Првата балканска војна дејствувал со чета од 100 души во реонот на Кушница. Во 1936 година е избран за претставник од Сер. Дукас умрел во 1938 година во Париз. Спред него е именувана една улица во Сер [3].

Извори

уреди
  1. „Δούκας Γ. Δούκας (καπετάν Ζέρβας) (1879-1938)“. Архивирано од изворникот на 2011-02-09. Посетено на 2011-01-04.
  2. Δούκας Γ. Δούκας - Καπετάν Ζέρβας
  3. „Επιτροπής Ονοματοθεσίας Οδών και Πλατειών“. Архивирано од изворникот на 2004-08-09. Посетено на 2011-01-04.