Дудин Дол (Свети Николе)
археолошко наоѓалиште во Македонија
„Дудин Дол“
| |
Местоположба | 41°51′54″N 21°56′33″E / 41.86500° СГШ; 21.94250° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Свети Николе |
Општина | Свети Николе |
Тип |
|
Период | римско време |
Портал „Археологија“ |
Дудин Дол — археолошко наоѓалиште во Свети Николе Претставува населба и некропола од римско време. Се наоѓа на околу 4,5 км јужно од градот, на една благо закосена тераса. При подигањето на лозовите насади, со длабокото орање на површината бил исфрлен голем број фрагменти од керамички садови, како и градежен камен различен по големина, облик, состав и обработеност, веројатно од темели на објекти. Во јужниот дел на терасата бил откриен и разнесен од механизацијата гроб од типот циста. На површината се најдени повеќе рачни мелници од камен и пирамидални тегови од керамика. Наодите се чуваат во Народниот музеј во Св.Николе.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 358, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |