Драмска гробница

древномакедонска гробница во градот Драма, Егејска Македонија

Драмска гробница (грчки: Ελληνιστικός τάφος) — древномакедонска гробница од III век п.н.е. во градот Драма, Егејска Македонија.[1] Се наоѓа на улицата „Троја“ бр 1. Претставува монументална гробница од македонски тип, чиј стил е својствен за последните десетилетија на III век до средината на II век п.н.е. Се состои од спустен влез (дромос), предодаја и погребална одаја. Во предодајата има зачувани ѕидни живописи, на кои се имитираат ѕидарија, биковски глави и шестолисни розети. Во погребалната одаја се откриени три ѕидани саркофага. Во неа се најдени артефакти како монети, накит и керамика. Гробницата била поставена на самата источна граница на древниот град Драма.[1]

Драмска гробница
Ελληνιστικός τάφος
Карта
МестоДрама
ОбластЕгејска Македонија, Грција
Координати41°09′07″N 24°08′54″E / 41.1520° СГШ; 24.1484° ИГД / 41.1520; 24.1484
Видгробница
Историја
Раздобјемакедонско

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „2500 χρόνια ιστορίας σε 60'. Πολιτιστική Διαδρομή στην πόλη της Δράμας“ (PDF). Δήμος Δράμας. Архивирано од изворникот (PDF) на 26 ноември 2016. Посетено на 25 ноември 2016.