Драгољуб Панчев Жеков ( 1905 во Лапли, Урошевац, Косово и Метохија14 ноември 1944 во Скопје) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Драгољуб Жеков
Роден 1905 година
Лапли, Урошевац, Косово и Метохија
Починал 14 ноември, 1944 година
Скопје, Македонија
Починал од прострелни рани добиени во битките за ослободување на Скопје, на 13 ноември, 1944 година.

Животопис

уреди

Завршил основно училиште. Во Скопје се преселил и работел како дреар. По окупацијата на Македонија се вклучил во народно-ослободителното движење и активно ја помагал борбата за ослободување на земјата од фашистичкиот окупатор. Станал член на Народната милиција, со која раководела партиската организација на Скопје. На 13 ноември 1944 година бил активен учесник во борбите за ослободувањето на Скопје. Во борбите против Германците, во близина на стариот железнички мост бил ранет во десната рака и во градниот кош. Веднаш бил пренесен на болничко лечење но, наредниот ден им подлегнал на раните. Неговите посмртни останки биле погребани на скопските гробишта.

Наводи

уреди
  1. Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 190. На |first= му недостасува |last= (help)