Отвори го главното мени
Карта на разместеноста на населувањето на Велегезитите

Велегезити (Βελεγεξηαι) се словенско племе кое се населило во југоисточниот дел на Тесалија, околу градовите Теба и Деметријада, кај денешниот Волоски Залив[1]. Се споменуваат како дел од големиот племенски сојуз (614-615) создаден под водство на кнезот Хацон[1]. Во 616 година неуспешно го нападнале градот Солун заедно со македонските словенски племиња[1]. Во VII век бил формиран уште еден племенски сојуз на чело со рексот Пребонд[1]. По неговото убиство, во 674 г. словенските племиња го опасиле Солун, но Велегезитите не се приклучиле кон обединетите племиња, бидејќи одржувале мирни односи со солунчаните. По двегодишна опсада Словените го нападнале градот во 676 година, но морале да се повлечат. Неколку дена подоцна солунчаните биле снабдени со жито и овошје од Велегезитите[1]. За нив сведочат бројни словенски топоними. Нивната склавинија била наречена Велзитија или Велегезитија[1]. Подоцна во 799 г. архонтот Акамир учествувал во организирањето заговор против императорката Ирина[1]. Најверојатно Акамир бил самостоен владетел на Велзитија, која во тој момент била под сизеренството на императорот, на прагот на државно обединување[1].

НаводиУреди

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 Ристовска - Јосифовска, Билјана. (2009). „Велегезити“. Македонска енциклопедија 1. Скопје: МАНУ.