Драги Ивановски ( 1948, Битола - 2017, Битола) — македонски новинар.

Драги Ивановски
Роден 1948
Битола, НР Македонија, ФНРЈ
Починал 2017(2017-00-00) (возр. 68–69)
Битола, Македонија
Занимање Новинар

Животопис

уреди

Ивановски е роден е во Битола во 1948 година. Се школувал во Горната гимназија, а по образование бил филолог, со изучен арапски и англиски јазик, завршил и факултет за политички науки во Белград во 1967 година. Во својот работен новинарски век, најголемо достигнување му било коментатор во надворешно политичката редакција на Македонската телевизија. Драги Ивановски долги години бил соработник на ТВ Орбис. Бил и главен уредник во ТВ Сонце. Долг период живее и работел во Либија. Бил истакнат партиски активист и функционер на ВМРО-ДПМНЕ. Починал во јануари 2017 година во Битола и е погребан на Влашките гробишта во истиот град.[1]

Наводи

уреди