Драге Д. Стојкоски ( 1925 во Калуѓерец, Порече21 ноември 1944 во Бел Дрим, Косово и Метохија) — македонски партизан, учесник во НОВ на Македонија.[1]

Животопис

уреди

Бил роден во 1925 година во селото Калуѓерец кај Македонски Брод. По занимање бил земјоделец. Кон НОБ пристапил доброволно. Учествувал во повеќе борби за ослободување на земјата. Загинал при преоѓањето на Бели Дрим во Косово, по изненаден напад од балистите на 21 ноември 1944 година.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Порече низ историјата, Милан Ристески, НИО „Студентски збор“, Скопје, 1982, стр.221