Драгана Дуjoвиќ (Нови Са), 22 октомври 1984 година) е српско-американски модел и моден дизајнер. Таа ги претставуваше Србија и Црна Гора на изборот за Мис Универзум во 2004 година.[1][2]

Драгана Дујовиќ
Драгана Дујовић
Драгана Дујовиќ
Роден(а)22 октомври 1984 година
Нови Сад СФРЈ СФРЈ
СедиштеМајами,Флорида, САД САД
ОбразованиеУниверзитет за уметност и дизајн во Мајами
Активен1997 - денес
СопружникБрет Болтон
ДецаНико, Ники и Лука
Мреж. местоdragana.com

Биографија

уреди

Драгана е родена во главниот град на покраината Војводина, каде што и пораснала. Нејзиниот татко е од Црна Гора, а нејзината мајка е од Босна и Херцеговина. Растејќи без татко во семејство од работничка класа, таа морала да се бори посилно од нејзините врсници за да ги оствари своите соништа. Завршила Хемиско-технолошко училиште и на Факултетот за менаџмент во Нови Сад. Во едно интервју во 2004 година објавено по повод учеството на изборот за Мис Универзум, таа открива дека откако татко и починал кога таа имала само две години, мајка и и постариот брат и помогнале да има нормално детство и како посебност од својот живот ја издвојува хуманитарна работа на бездомните деца и други хуманитарни акции.[3]

Манекенсто

уреди

Уште во раните нејзини години, почнала да се занимава со моделинг. Кога имала тринаесет години, ја прифатила понудата да оди на курс во локална модна агенција. Подоцна станала детски инструктор и ги учела помладите како да позираат пред камера и како да се однесуваат на модната писта. На шеснаесет години за прв пат учествувала на натпревар за убавина и била првата придружничка на тинејџерката Мис Југославија. Не само нејзиниот физички изглед, туку и нејзиниот талент и одлучност и помагнале да ги претставува Србија и Црна Гора на осумнаесетгодишна возраст на изборот за Мис Универзум во Еквадор. Тамошните медиуми пишувале за неа како фаворит меѓу осумдесет учеснички, а онлајн анкетите покажале дека шансите Драгана да победи се дури 92 отсто.[4] Таа исто така ги бранела боите на Србија и Црна Гора на меѓународно ниво на Miss Model of the World 2009 година и Top Model of the World 2010 година.

Заминување во САД

уреди

По патувањето низ Европа, таа почнала да живее во САД во 2012 година за да го усоврши своето образование и кариера. Две години подоцна потпишала договор со престижната модна агенција „Wilhelmina Models“, а во 2016 година дипломирала во областа на дизајнирање аксесоари на Универзитетот за уметност и дизајн во Мајами.[2] Во јуни 2021 година објавила автобиографија „Драгана: Моето патување од Србија во Америка“.

Денес, таа е успешен претприемач кој дизајнира чанти и додатоци со ознаката на брендот што го носи нејзиното име.[5][6] Таа е во брак со светски познатиот хирург Брет Болтон со кој има три деца, синовите Нико и Лука и ќерката Ники. Живее и работи во Мајами, на брегот на Бискејн.

Интересни факти

уреди

Драгана Дујовиќ се испробала и во глумата, појавувајќи се во краткиот филм „Гавран“, снимен во 2013 година базиран на познатата поема на Едгар Алан По.

Литература

уреди
  • Dujovic, D. (2021). My Journey from Serbia to America. Miami, FL.

Наводи

уреди
  1. „Магија чисте лепоте”, Живети здравије, 7. јул 2016. Посећено: 6. септембра 2021.
  2. 2,0 2,1 „Америчка бајка српске манекенке – Драгана Дујовић живи амерички сан”, Story, 1. септембар 2021. Посећено: 6. септембра 2021.
  3. „Miss Serbia & Montenegro at Miss Universe 2004 Contest” Архивирано на 13 септември 2021 г., SantaBanta.com, 2004. Посећено: 8. септембра 2021.
  4. „Драгана Дујовић о утисцима са избора Мис универзума у Еквадору” Архивирано на 12 јуни 2022 г., Глас јавности, 19. јун 2004. Посећено: 8. септембра 2021.
  5. „The US-Based Fashion Brand Dragana Headed by Former Miss Universe Launches Its Vast Fashion Handbags Collection”, Yahoo Finance, 10. децембар 2020. Посећено: 10. септембра 2021.
  6. „Dragana Dujovic Reveals How Fashion Governs the Lifestyle in the Most Breathtaking Ways”, Influencive.com, 19. мај 2021. Посећено: 10. септембра 2021.

Надворешни врски

уреди