Дончо Шандонски
Дончо Ѓорѓиев Шандонски ( 1920 во Кавадарци — 23 октомври 1944 во Скопје) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
уредиПотекнувал од сиромашно семејство. Завршил основно училиште и изучил браварски занает. Во 1934 година се доселил во Скопје и работел во фабриката на Папатеодоси. За време на окупацијата работел во Скопската ложилница. Како прогресивен работник се вклучил во работничкото движење уште пред војната и учествувал во работничките штрајкови, тарифните акции и демонстрациите. Во 1940 година бил примен за член на КПЈ. Веднаш по окупацијата на земјата, активно ја помагал оружената борба против окупаторот. Особено активен бил во дејноста на партиската организација на железничарите. Учествувал во разни акции против окупаторот, вклучувајќи ги и саботажите на локомотиви. Повремено одел во Кавадарци и ја помагал партиската активност, особено во селото Ваташа. На 23 октомври 1944 година, загинал заедно со други работници од бомбардирањето на Скопје возејќи се со камион на пат за работа.[1]