Дом на култура „Драги Тозија“ - Ресен
Општинската установа Дом на култура „Драги Тозија“ - Ресен — културна установа во градот Ресен, која претставува центар на уметноста, музиката, книжевноста и целокупниот културен живот на граѓаните на целокупната Општина Ресен. Домот е сместен во Ресенскиот сарај на приземјето во неговото десно крило. Во рамките на установата е вклучена и Градската библиотека.[2] Установата е именувана според борецот во НОБ и подоцна државен функционер во Македонија, родум од Ресен, Драги Тозија.[3]
Домот на култура, заедно со целиот Ресенски сарај | |
Земја | Македонија |
---|---|
Тип | Дом на култура, библиотека |
Основана | 1978 |
Место | Ресен |
Координати | 41°05′18″N 21°05′58″E / 41.08833° СГШ; 21.09944° ИГД |
Други информации | |
Директор | Васко Василевски[1] |
Карта |
Историја
уредиДомот на култура „Драги Тозија бил создаден“ во 1978 година.[4]
На 30 декември 2002 година, Владата на Македонија одлучила и го поставила Панде Кацкаровски за директор на установата.[5]
Активности
уредиТрадиционално на 7 јули, на празникот Иванден односно на денот на раѓањето на Јован Крстител, Домот на култура ја организира манифестацијата „Иванка“.[6]
Галерија
уреди
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Домот на културата „Драги Тозија" – носител на културните активности во Ресен“. prespainfo.com преку web.archive.org. 11 август 2018. Архивирано од изворникот на 2019-02-15. Посетено на 9 јуни 2021.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Училишна библиотека“. ОУ „Димитар Влахов“ - Љубојно преку web.archive.org. Архивирано од изворникот на 2019-04-16. Посетено на 9 јуни 2021.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Македонска енциклопедија“ (PDF). Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 1491. Посетено на 9 јуни 2021.
- ↑ „ДОМ НА КУЛТУРАТА "ДРАГИ ТОЗИЈА" - РЕСЕН“. globusmagazin.mk преку web.archive.org. Архивирано од изворникот на 2021-06-09. Посетено на 9 јуни 2021.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Службен весник на РМ бр.1/02“ (PDF). Службен весник на Република Македонија. 15 јануари 2003. Посетено на 9 јуни 2021.
- ↑ „Со манифестацијата „Иванка" во Преспа одбележано раѓањето на св. Јован Крстител“. Нова Македонија преку web.archive.org. 7 јули 2018. Архивирано од изворникот на 2020-08-04. Посетено на 9 јуни 2021.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)