Музејска збирка - Ресен

Музејската збирка Ресен ― месен археолошко-историски музеј во Ресен, кој е под јурисдикција на Музејот на Македонија. Просториите на музејот се наоѓаат на првиот кат на Ресенскиот сарај на површина од над 250 м2.[1]

Музејска збирка - Ресен
Основан1968
МестоРесен, Македонија Македонија
Координати41°05′18″N 21°00′58″E / 41.08833° СГШ; 21.01611° ИГД / 41.08833; 21.01611
ФондИсториска постановка
Археолошка постановка
Етнолошка постановка
Ликовна постановка
Мреж. местоwww.museum.org.mk

Историја и поставки

уреди

Основач било Собранието на Општина Ресен, а како почетен изложбен материјал послужиле месните наоди од околината на градот. Во натамошното постоење збирката била пополнувана со предмети од систематските археолошки истражувања во Преспа, особено на островот Голем Град, разни новоприсобрани историски и етнолошки предмети, како и нумизматички примероци. Во неговиот состав се наоѓаат Спомен-галеријата на уметнички дела на Кераца Висулчева, Спомен-куќата на народниот херој Мите Богоевски во Болно и Спомен-куќата на револуционерот Наум Веслиевски-Овчарот во Златари. Денес е под стручната надлежност на Музејот на Македонија.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Археолошко-историска збирка - Ресен“. macedonism.org преку web.archive.org. Архивирано од изворникот на 2021-02-25. Посетено на 7 јуни 2021.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)

Надворешни врски

уреди