Домашно пиво
Домашно или занаетчиско пиво (на англиски: craft beer) — пиво кое се произведува во мали количини (или понекогаш произведно од коренот на дрвото), обично се многу помали отколку големи корпоративни пиварите, и се во независна сопственост. Како пивари кои произведуваат такво пиво, тие генерално се одликуваат со својот акцент на квалитет, вкус и техника на производство.[1][2]
Историјат
уредиКрафтинг движењето, или производството на домашни пива започнало во Велика Британија во 1970 година, иако традиционалните рачно изработени пива, постоеле во Европа со векови и потоа се прошириле на другите земји. Како движењето растело, така и некои пивари го прошириле своето производство и дистрибуција, и се појавиле повеќе концепти за производство на крафт пивото.Ваквите пива најмногу се продаваат во домашни пивници или пабови.[3] Овие пива не можат да се најдат во продажба зашто се во мали количества, и некои претставуваат ексклузивна можност да се пробаат овие дела на големите мајстори на одредени настани или фестивали[4].
Домашни пива во Македонија
уредиПроизводството на домашно пиво во Македонија, зема сè поголем замав во втората деценија на XXI век започнувајќи со производството на домашно пиво на пивница „Темов“, како и на поголем број на приватни лица кои со знаења и искуство од странство и интернет и обезбедување на состојки од домашно потекло успешно во домашни услови произведуваат различни видови на пиво. Прв салон на занаетчиските (домашни) пива во Македонија се одржал на 3 март 2018 година, каде 12 производители на пиво во домашни услови (кујна, гаража) од Скопје, Битола, Велес, Куманово и Грција ги претставиле своите пива пред стотици присутни[5].
Галерија
уреди-
Домашни пива од Македонија
-
Домашни пива од Македонија
-
Домашни пива од Македонија
-
Домашни пива од Македонија
-
Домашни пива од Македонија
-
Домашни пива од Македонија
-
Домашни пива од Македонија
-
Домашни пива од Македонија
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Alison Boteler (2009). The Gourmet's Guide to Cooking with Beer. Quarry Books. стр. 15. ISBN 978-1-59253-486-9. Архивирано од изворникот на 11 October 2013. Посетено на 21 July 2011.
- ↑ Oliver, Garrett (2011). „Craft brewing“. Во Oliver, Garrett (уред.). The Oxford Companion to Beer. Oxford University Press. стр. 270–271, 585. ISBN 0195367138. Укажано повеќе од еден
|ISBN=
и|isbn=
(help) - ↑ Oliver, Garrett (2011). „Craft brewing“. Во Oliver, Garrett (уред.). The Oxford Companion to Beer. Oxford University Press. стр. 270–271. ISBN 0195367138. Укажано повеќе од еден
|ISBN=
и|isbn=
(help) - ↑ „Полека создаваме домашна пивска сцена“. http://novamakedonija.com.mk. Посетено на 2018-03-05. Надворешна врска во
|work=
(help)[мртва врска] - ↑ „Полека создаваме домашна пивска сцена“. Нова Македонија. 28 февруари 2018. Посетено на 5 март 2018.[мртва врска]