Точено пивопиво кое се вади од буре за пиво, генерално преку систем со помош на боца за гас. Овој систем подеднакво добро се приспособува на металните пивски буриња како и на дрвените. Точеното пиво долго време било расположливо само во баровите и другите шанкови за алкохолни пијалаци кои располагале со професионална опрема.

Заради својата свежина многумина претпочитаат точено пиво, но точењето бара поголема грижа за хигиената (точеното пиво минува низ различни цевки и вентили што може да му го измени оригиналниот вкус и мирис[1].

Консумирање

уреди

Точеното пиво треба да се чува и служи на температура од 12 °C. Кога еднаш бурето ќе се отвори истото треба да биде консумирано во рок од 3 дена.

Галерија

уреди

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди