Долен Чернец
Долен Чернец или Долно Черенци (албански: Çerenic i Poshtëm) — село во општината Булчица на Дебарската област, источна Албанија.
Долен Чернец Çerenic i Poshtëm | |
---|---|
село | |
Координати: 41°30′54″N 20°25′35″E / 41.51500° СГШ; 20.42639° ИГД | |
Земја | Албанија |
Област | Дебар |
Општина | Булчица |
Општ. един. | Горица |
Надм. вис. | 540 м |
Час. појас | CET (UTC+1) |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) |
Рег. таб. | BZ |
Географија
уредиСелото се наоѓа во областа Мала Река, дел од поголемата македонска област Голо Брдо. Сместено е во нспоредна близина на границата со Македонија.
Историја
уредиСпоред статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) Черепецъ е дел од Грика Вогел (Мала Река) и во него живеат 230 Арнаути муслимани.[1]
По Првата балканска војна во 1912 г. селото влегло во состав на Албанија.
Во 1940 г. Миленко Филиповиќ напишал дека Чернец е албанско село со 30 куќи, дел од областа Голо Брдо.[2]
Според податоците, Черенец долго било едно село со две маала, а нивната формална поделба се случила во поново време. До 2015 г. било дел од тогашната Општина Горица.
Иселеништво
уредиСемејството Кочи од Чернец се преселило во горнодебарското село Селокуќи во Македонија во 1941 г.[3] Не е укажано дали биле од Горен или Долен Чернец.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 260. ISBN 954430424X.
- ↑ Филиповић, Миленко (1940). Голо Брдо: белешке о насељима, о преклу становништва народном животу и обичају. Скопље. стр. 40.
- ↑ Русиќ, Бранислав (1954). Дебарско Поле. Скопје: Филозофски факултет - Скопје. стр. 159–161.