Доктор Фауст (филм од 1967)

„Доктор Фауст“ (англиски: Doctor Faustus) — британски филм од 1967 година, во режија на Невил Кохил (Nevill Coghill) и Ричард Бартон (Richard Burton), кои се автори и на сценариото, засновано врз драмата на Кристофер Марлоу, „Трагичната повест на доктор Фауст“ од 1588 година. Главните улоги ги играат: Ричард Бартон, Андреас Тојбер (Andreas Teuber), а во улогата на Елена Тројанска се појавува и Елизабет Тејлор (Elizabeth Taylor).[1]

Синопсис

уреди

Фауст е научник на универзитетот во Витенберг кој стекнува докторска титула, но воден од желбата за знаење и моќ, настојува од пеколот да го повика Мефистофел. И навистина, доаѓа Луцифер и Фауст му ја дава душата во замена за 24 години во кои Мефистофел ќе му биде роб. Откако Фауст го потпишува договорот со својата крв, Мефистофел му открива како десјствува ѓаволот. Фауст стекнува големо знаење, но токму тоа ја предизвикува неговата пропаст.

Наводи

уреди