Добрила Ивановска-Чабриќ
Добрила Ивановска-Чабриќ (р. 1 февруари 1928 во Бариќ) - македонска театарска и филмска глумица и пејачка.
Добрила Ивановска-Чабриќ | |
---|---|
Роден(а) | 1 февруари 1928 Бариќ, Кралство СХС |
Занимања | Глумица, пејачка |
Период на активност | 1946 - сè уште |
Биографија
уредиДобрила Ивановска-Чабриќ е доајенка на Македонски народен театар и пејачка. Во Македонски народен театар се вработила во 1946 година и играла во првата претстава на македонски јазик, „Платон Кречет“. Во МНТ за единаесет години активна глумечка кариера, остварила 29 улоги. Покрај МНТ таа гостувала и во Драмски театар - Скопје.
Добитничка е на наградата на Народна Република Македонија, за најдобра женска улога, за улогата на ликот Графира во „Волци и овци“, како и наградата за Радиодифузијата на денон на југословенското радио. На Радио Скопје заедно со Петре Прличко ја воделе емисијата „Весела вечер“.
Театарската кариера ја продолжува во Театарот „Терезије“ во Белград. Потоа ја започнала нејзината кариера како пејачка. Со „Дуото Нанос“, 20-години патувале и настапувале во: Македонија, Србија, Кипар, Русија, Франција и Бугарија, каде две години се на второто место на бугарската топ листа. Добрила Ивановска-Чабриќ доживува голем успех во грузиската група „Диело“, со различен репертоар на неколку јазици. Во 1970 година Добрила повторно продолжува со својата самостојна кариера и повторна патува низ светот. Во 1980 година се сели во Дојран, каде живее и денес. Била омажена за Миленко Чабриќ со кого има еден син.
Во 2012 година, на 85 годишна возраст, Добрила по долгогодишна пауза се враќа на театарската сцена со монодрамата "Методот на Мис Маргарида" од Роберто Атајаде, во режија на Виолета Џолева со која добива специјална награда на Меѓународниот фестивал на монодрама во Битола. Во 2018 година на 90 години победува на телевизиското музичко шоу "Никад није касно" со најголем број гласови од публиката. На 22 издание на "Еврофест" и беше доделена наградата за севкупно музичко творештво.
Надворешни врски
уреди- Добрила Ивановска-Чабриќ на Семрежната филмска база на податоци (англиски)