Диско Димитровски

Диско Тодоров Димитровски ( 1924 во Стрезовце, Кумановско20 октомври 1944 во Шишево, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

уреди

Произлегува од сиромашно семејство. Завршил основно училиште, а потоа се вработил како ковач. Во потрага за заработувачка, заминал на печалба и се вработил во Сомбор. Таму се поврзал со напредни работници. Учествувал во работата на напредното движење. По окупацијата на земјата, се вратил во родниот крај и во септември 1944 година, стапил во борбените редови на Третата македонска ударна бригада. Бил учесник во нејзините борби. Кон крајот на октомври истата година, во тешката борба против балистите и Германците кај Шишево, храбро загинал.

Наводи

уреди
  1. Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 187. На |first= му недостасува |last= (help)