Димче Ристески
Димче Аритонов Ристески ( 1920 во Карбуница — 20 ноември 1943 во Карбуница, Кичевско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Димче Ристески | ||
Роден | 1920 година | |
---|---|---|
Починал | 20 ноември, 1943 година Карбуница, Кичевско, Македонија под фашистичка окупација. Стрелан од балистите. | |
Националност | Македонец |
Животопис
уредиПо занимање бил земјоделец. Определен за борба против окупаторот, почнал да работи за потребите на народно ослободителното движење. Во 1943 година бил осомничен како комунист од балистите и затворен. Во селото активно работел на собирање храна, облека, оружје, одржувал курирски врски и други работи за Народноослободителната војска на Македонија. На 20 ноември 1943 година, кога балистите го стрелале Реонскиот комитет во Карбуница, стрелан бил ѝ Димче заедно со своите другари - членови на Комитетот.[1]