Димитрис Семсис
Димитрис Семсис или Димитрис Салоникиос (грчки: Δημήτριος/Δημήτρης Σέμσης/Σαλονικιός) бил грчки музичар.
Димитрис Семсис Δημήτρης Σέμσης | |
---|---|
Димитрис Семсис | |
Животописни податоци | |
Роден(а) | 1883, Струмица, Отоманско Царство, денес Македонија |
Починал(а) | 13 јануари 1953 во Атина |
Занимања | музичар, композитор |
Семсис е роден во 1883 година во Струмица. По започнувањето на Првата светска војна, тој заедно со своето семество се преселил да живее во Солун. Во следните години започнал да работи во голем број на градови низ Балканите, Сирија, Турција и Египет. Во 1920 година се засолнил во Смирна, каде се запознал со неколку композитори. Од Смирна заминал во 1922 година, а во 1927 година започнал да живее во Атина. Овде Семсис го добил и прекарот Салоникиос (или Солунски). Во текот на својата кариера напишал повеќе од 100 песни.