Димитар Шарланџиев
Димитар Шарланџиев (Горно Порој, 6 октомври 1908 - неизвесно) — член на Внатрешната македонска револуционерна организација (Обединета).
Димитар Шарланџиев | ||
Роден | 6 октомври 1908 Горно Порој, Егејска Македонија | |
---|---|---|
Починал | неизвесно Софија, Бугарија | |
Роднини | Стојан Шарланџиев (брат) Тодор Шарланџиев (брат) |
Животопис
уредиДимитар Шарланџиев е роден на 6 октомври 1908 година во беласичкото селото Горни Порој, денес во Грција.[1] Тој е брат на Тодор Шарланџиев. Емигрирал во Бугарија и се населил во Горна Џумаја, каде под менторство на Арсо Поптодоров станал член на ВМРО (обединета). Станал член на Македонската национална студентска група „Гоце Делчев“, правен огранок на ВМРО (обединета) и бил уредник на нејзиното тело „ Македонски студентски лист “.[2] [3] Бил уапсен од властите.[4] МНСГ зазела македонски став и во јануари 1934 година, групата околу Васил Хаџикимов, кој заедно со Борис Михов го издавал весникот „Македонска борба“, се отцепила од неа. Од своите редови ги исклучува Васил Ивановски, Д. Танов, Коста Веселинов, Асен Чаракчиев и Димитар Шарланџиев со обвинување дека петмината се придржуваат до „неоснованата теорија за македонската нација и националното угнетување во Пиринско“.[5] Шарланџиев е член и на Македонскиот литературен кружок.[6]
Наводи
уреди- ↑ Стоименов, Стоян (1969). Победа: 1941 - 1944, Годишник на музея на революционното движение в България. стр. 487.
- ↑ Гребенаров, Александър. Легални и тайни организации на македонските бежанци в България (1918-1947), МНИ, София, 2006, стр. 245.
- ↑ Пирински соколи: очерци за загинали революционни дейци, действали в Благоевградски окръг. Издателство на БКП. 335 1960. Проверете ги датумските вредности во:
|year=
(help) - ↑ Ненов, Иван (1970). Където народът, там и ние. София: Народна младеж. стр. 37.
- ↑ Гребенаров, Александър. Легални и тайни организации на македонските бежанци в България (1918-1947), МНИ, София, 2006, стр. 245.
- ↑ Гребенаров, Александър. Легални и тайни организации на македонските бежанци в България (1918-1947), МНИ, София, 2006, стр. 296, 378-379.