Арсо Василев Поп Тодоров (на бугарски: Арсо Василев Поптодоров) — деец на Внатрешната македонска револуционерна организација (Обединета) и Бугарската комунистичка партија.

Животопис

уреди

Арсо Поп Тодоров е роден на 3 февруари 1900 година во Струмица. Емигрирал во Бугарија по Првата светска војна и живеел во Горна Џумаја (денес Благоевград), каде што во 1921 година станал член на Бугарската комунистичка партија. Поради дејноста како член на Окружното партиско раководство е осуден на затвор во 1924 година.[1] Во тој период се приклучува на Внатрешната македонска револуционерна организација (Обединета). Во јули 1936 година е осуден заедно со уште 19 дејци на ВМРО (Обединета) откако бугарската полиција ја провали структурата.[2] Од 1937 година до 1939 година лежи во затвор во Сливен, Бугарија.

Тој станува нелегален во јули 1941, месец дена откако партијата одлучува да започне вооружена борба против режимот во Бугарија.[3] Поради тоа првично е осуден на смрт но излегува од затвор во 1944 година. Починал на 28 февруари 1946 година на 46-годишна возраст како член на Областен комитет на БКП.

Наводи

уреди
  1. Септемврийското въстание 1923, Партиздат, 1973, стр. 234.
  2. Тзавелла, Христофор, „Кръстникът на първите войводи на ВМОРО и ВМОК отец Търпо Поповски“, Македония Прес, София, 2003 г., стр. 17
  3. История на антифашистката борба в България, т. I 1939/1943 г., С., 1976, стр. 211