Јован V Каматир бил византиски свештеник и охридски архиепископ најверојатно во периодот од 1183 до 1215 година[1]. Тој бил архиепископ на Охридската архиепископија по потекло од Византија.

Јован V Каматир
Ракоположен1183
Службата завршила1215
ПретходникАдријан
НаследникДимитар
Лични податоци
Роден12 век

Биографија

уреди
 
Диецезата на Охридската архиепископија во периодот од 1185 — 1207 г.

Пред да застане на охридскиот престол, тој бил близок до царот Андроник I Комнин во Цариград. Во 1183 година бил еден од организаторите за исфрлувањето во морето на телото на убиениот византиски цар Алексиј II Комнин. Не е познато кога точно станал архиепископ и кога точно починал.

Наводи

уреди
  1. Грозданов, Цветан (2007). Живописот на Охридската архиепископија: студии. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите.