Ј.З.У Специјална болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“

Ј.З.У Специјална болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ — јавна здравствена установа, специјализирана за гинекологија и акушерство во Скопје. Гинеколошката клиника во Чаир е изградена по земјотресот од 1963 година и е подарок од синдикатите на Чехословачка. Таа за првпат е пуштен во употреба на 1 август 1965 со одделенијата Акушерскиот оддел, Гинеколошкиот оддел, кујна и перална. Во 1970 е изграден нов дел кој почнал во употреба на 1 март 1972 каде почнала да се користи лабораторија, прием на пацинти за амбуланта, операционите сали, шок соба, соба за пациентите , приемот и подготовките за раѓање на пациент. Во 2010 година донесена била одлука за преименување на болницата во Мајка Тереза.[2] На 26 јули 2013 била пуштена во употреба новата зграда која е опремена со апарати и потребните средства за работење од страна на Министерството за Здравство на Македонија.

Ј.З.У Специјална болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“
Карта
Географија
МестоположбаСкопје, Македонија
Координати42°00′38″N 21°26′23″E / 42.01056° СГШ; 21.43972° ИГД / 42.01056; 21.43972
Услуги
Постели86[1]
Историја
Основана во1 август 1965
Врски
Мрежно местоgynobs-cair.org.mk
СписоциБолници во Македонија

Основна дејност на Јзу СБГА „Мајка Тереза“ е здравствената заштита во областа на гинекологија , акушерство и неанотологија (нега и лекување, управување на операции со висок ризик, грижа на новородените за време на нивниот престој и многу друго).

Галерија

Наводи

уреди