Дивна Вековиќ
Дивна Вековиќ (Лужац, Беране, 1886 – непознато, 1944) – прва жена која станала лекарка во Црна Гора. Покрај тоа што била лекарка, таа и преведувала. Како преведувач, таа била прва жена која го превела Горски венец на француски јазик. Прва објавила и српско-француски речник.
Дивна Вековиќ Дивна Вековић | |
---|---|
Дивна Вековиќ | |
Роден(а) | 1886 Лужац |
Починал(а) | 1944 |
Занимање | лекар, преведувач |
Образование
уредиОсновно училиште завршила во манастирот Ѓурѓеви Ступови, а потоа нижа гимназија во Скопје. Образованието кое го стекнала во Франција опфаќало едногодишни студии на училиштето за бабици во Амјен, завршен клас при Медицинскиот факултет на Сорбона и двегодишна дентистичка школа која ја завршила во 1917 година во Париз.[1]
Заслуги
уредиПокрај преводот на Горски венец, познато е дека ги препеала песните на Јован Јовановиќ Змај и го превела је Вуковиот „Животот и обичаите на српскиот народ“. Авторка е на два речници по француски јазик, француска граматика и книгата „Крвни умир“, а во 1926 година во Белград ја одбранила докторската теза по книжевност.[2]
Смрт
уредиКако членка на монархистичкото движење, бегала од комунистите. Вистината за нејзината смрт не е официјална, меѓутоа се верува дека комунистите ја препознале и убиле кај Ѕидани Мост и ја фрлиле во Сава во 1944 година. .Предлошка:Чињеница
Наводи
уреди- ↑ „Divna Vekovic najpametnija Vasojevks svih vremena“. Архивирано од изворникот на 2018-01-26. Посетено на 2019-04-20.
- ↑ [Divna Veković (1886-1944)-the first woman physician in Montenegro]. - PubMed - NCBI