Див Запад

историско-географска погранична област во САД
(Пренасочено од Дивиот запад)

Див Запад (англиски: Wild West) или Стар Запад (Old West) — назив кој го подразбира пределот на денешна Америка западно од реката Мисисиспи по краината или граничното подрачје (frontier) на тогашните САД, во временскиот период меѓу Американската граѓанска војна и крајот на XIX век. Со овој поим се поврзуваат многу митови, легенди, приказни и верувања (многу од нив вистинити) прераскажувани во западните делови на САД од 1865 до 1890 година.

Дивиот Запад
Каубоецот — симбол на Дивиот Запад
Други имињаДив Запад
МестоЗападни САД
Датумсредината на 1830-тите  – 1920

Тој период станал толку популарен, што е тема на бројни книжевни и филмски дела, кои се одвоени во посебен жанр наречен Вестерн. Во делата најчесто се прикажува романтична слика на ерата, а насислтвата се прикажани како изолирани случаи. Иако Дивиот Запад често се смета за многу насилен, некои сметаат дека бил многу поцивилизиран, помирен и посигурен од денешното американско општество.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Hollon, W. Eugene. Frontier Violence: Another Look. New York: Oxford University Press, 1974, p. x