Док Холидеј
Џон Хенри „Док“ Холидеј (14 август 1851 – 8 ноември 1887) бил американски заболекар, коцкар, и пиштолџија од американскиот Див Запад, кој е запаметен по неговото пријателство со Вајат Ерп и неговото учество во Престрелката кај ОК Корал.
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Животопис
уредиДетство и образование
уреди„Док“ Холидеј е роден во Грифин, Џорџија, на Хенри Буроуз Холидеј и Алис Џејн Холидеј (моминско МекКи). Неговиот татко учествувал и во Мексиканско-Американската војна и во Граѓанската војна. Мајката на Холидеј умрела од туберкулоза на 16 септември 1866, кога имал 14 години. По три месеци татко му се оженил со Рејчел Мартин. По венчавката семејството се преселило во Валдоста, Џорџија, каде Холидеј се образувалво Валдоста Институтот. Таму се здобил со класично секундарно образование по реторика, граматика, математика, историја и јазици особено латински, но и француски и малку Старогрчки. Во 1870, 19-годишниот Холидеј го напуштил домот за да оди на училиште за заболекари во Филаделфија. На 1 март 1872, добил диплома Доктор за дентална хирургија од Колеџот за Стоматолошка Хирургија во Пенсилванија. Подоцна истата година, отворил заболекарска ординација со Артур Ц. Форд во Атланта. Во Атланта, Холидеј престојувал кај чичко му и неговото семејство додека ја почнувал својата заболекарска кариера. Позната братучетка на Холидеј била Маргарет Мичел, позната по нејзината книга Однесено од виорот. Се вели, но не е потврдено, дека ликот Ешли Вилкс е моделиран по Холидеј.
Здравје
уредиОд раѓање, имал пукнато горно непце и делумно зајачка усна. На двемесечна возраст, овие недостатоци биле хируршки поправени од чичкото на Холидеј, Џ. С. Холидеј, М.Д., и братучедот, познатиот лекар Крафорд Лонг. Операцијата не оставила пречка во говорот, иако говорна терапија била неопходна, која била вршена од мајка му. Меѓутоа, еден од поновите биографи на Холидеј, Гери Л. Робертс, тврди дека не е возможно на дете од два месеци да му се направи операција на пукнато непце во тоа време, најчесто ваквите операции биле одложувани додека детето не наполнело две години. Робертс тврди дека ваква рана процедура немало да биде од значење да се спомне во локалните и националните медиуми и во медицинските весници. Според ова, тој мисли дека е не е сигурно дека Холидеј имал пукнато непце, а ги отфрла и тврдењата дека хируршка лузна се гледа на неговата слика од матурата. Овој портрет, сликан на 20-годишна возраст, ги поддржува тврдењата дека Холидеј бил пепелаво-русокос. Како адосцелент бил висок 178 cm, а тежел 70 кг. За кратко време откако ја започнал заболекарската практика, на Холидеј му била дијагностицирана туберколоза. Можно е болеста да ја добил од мајка му, бидејќи туберколозата не била позната како заразна до 1882. Му биле прогнозирани само уште неколку месеци да живее, но преселбата кон посувите и потпли предели на југозападниот дел на САД би можела да го намали влошувањето на неговото здравје.
Патувања
уредиВо септември 1873, се преселил во Далас, Тексас, каде отворил заболекарска ординација на Улицата на Брестовите бр.56, околу четири блока источно од денешната Dealey Plaza. Почнал да се коцка и открил дека ова е попрофитабилен начин за приход, бидејќи пациентите се плашеле да одат во неговата ординација поради неговото кашлање. На 12 мај 1874, Холидеј и уште 12 други беа обвинети за нелегално коцкање. Бил уапсен во Далас во јануари 1875 откако си размениле неколку истрели со чувар на салун, но никој не беше повреден и не беше прогласен за виновен. Ја премести својата ординација во Денисон,Тексас и откако бил прогласен за виновен и казнет за „играње карти“ во Далас, се одлучил да ја напушти државата. Во годините што следеле, Холидеј имал многу вакви недоразбирања, разгорени од неговиот став и карактер дека смрт од пиштол или нож е подобра од смрт од туберкулоза. Алкохолот што Холидеј го користел да ја контролира кашлицата најчесто го придонесувало ова. Тој често ја користел изреката; „I'll be your Huckleberry.“ Ова било сленг во тоа време за „Јас сум најдобриот пиштолџија за тебе.“ Понатаму, тоа било практично прашање за еден коцкар, кој си терал по свое на работ од законот, морал да ги поддржи спорните точки на игра најмалку со закана на сила. Холидеј продолжил да патува низ рударските гратчиња, каде коцкањето било профитабилно и легално. Холидеј бил во Денвер, Чејен и Дедвуд (места погодени од „златна треска“ во територијата на Дакота) есента 1876. До 1877, Холидеј бил во Форт Грифин Тексас, каде првпат се сретнал со Вајат Ерп. Биле запознаени од заеднички пријател, Џон Шанси. Двајцата оформиле неверојатно пријателство; Ерп порамнодушен и контролиран, Холидеј понервозен и импулсивен. Ова пријателство беше зацврстено во 1878 во Доџ Сити, Канзас, кога Холидеј го одбранил Ерп во салун од неколку каубоји кои сакале да го убијат Вајат, каде Ерп и Холидеј допатувале да заработат пари со коцкање со каубојите кои го терале својот добиток од Тексас. Холидеј сè уште се занимавал со заболекарство во неговите соби во Доџ Сити, како што е наведено во реклама во весник од Доџ во 1878 (ветувал дека ќе им ги врати парите на клиентите ако не биле целосно задоволни), но ова е последниот негов обид со практика. Во интервју за еден весник понатаму во својот живот, рекол дека се занимавал со стоматолошка практика „околу 5 години“. Холидеј се запознал со Мери Кетарин Хорони („Нослата Кејт“- „Big Nose Kate“) во Форт Грифин и ја почнал својата долгорочна авантура со неа.
Посветен коцкар и репутација на пиштолџија
уредиЕрп учествувал во инцидент, во времето кога бил заменик шериф, опколен од луѓе кои сакале да го убијат. Холидеј, кој тогаш бил сопственик на бар во градот и играл фаро (како и низ целиот свој живот), го напуштил барот, се приближил од друг агол да ја покрие групата со пиштолот или пукал или се заканил дека ќе пука во еден од овие луѓе. Ерп потоа секогаш бил благодарен на Холидеј што му го спасил животот тој ден. Многу други престрелки на Холидеј се понекогаш преувеличени. Имал неколку документирани престрелки во различни салуни, каде што бил сметан дека е брз колку Дивиот Бил Хикок. Една таква документирана се случила кога Холидеј бил вмешан во кавга за железничка пруга. На 19 јули 1879, Холидеј и познатиот пиштолџија Џон Џошуа Веб седеле во салун во Лас Вегас, Ново Мексико кога поранешен војник од армијата на САД, Мајк Гордон почнал силно да и вика на една од девојките во салунот. Кога Гордон испаднал од салунот, Холидеј го следел. Гордон го извлекол пиштолот и испукал еден куршум, промашил. Холидеј наеднаш го извлекол пиштолот и го убил Гордон. На Холидеј му било судено за убиството но бил ослободен, најмногу заради сведоштвото на Веб.
Тумбстоун, Територија на Аризона
уредиДо 1879 Доџ станал многу чесен град за оние луѓе кои претходно го гледале поинаков. За многумина, било време да се преселат во некои делови каде цивилизацијата што ја носела железничката пруга не допирала, места каде што ќе се прават пари. Холидеј, до ова време, бил познат по својата докажаност како коцкар и пиштолџија. Преку неговото пријателство со Вајат и другите браќа Ерп, особено Морган и Вирџил, Холидеј отишол во градот со рудници за сребро Тумбстоун, Територија на Аризона во септември 1980. Браќата Ерп биле таму од декември 1879. Некои тврдат дека Ерпови го повикале Холидеј откако настанале проблемите со бандата „Каубоји“. Во Тумбстоун, Холидеј брзо се вмешал во локалната политика и насилство која довела до познатата престрелка кај ОК Корал во октомври 1881. Престрелката се случила пред и до Флај пансионот и уметничкото студио, каде Холидеј имал соба, денот по ноќната караница помеѓу Холидеј и Ајк Клентон. Клентонови и Меклориеви се собрале пред пансионот, и куќата западно од него, пред да ги пресретнат Ерпови. Холидеј сугурно мислел дека се тука за да го убијат. Познато е дека Холидеј ја носел сачмарката на Вирџил; оружјето му било дадено пред престрелката од Вајат Ерп, Холидеј носел долго палто кое го прикривало оружјето. Вирџил Ерп го земал бастунот на Холидеј, тој барал да се одбегне паника меѓу граѓаните на Тумбстоун и помеѓу Клентонови и Меклориеви. Стратегијата пропаднала: додека Вирџил го направил тоа, еден сведок видел човек, со голема сигурност Холидеј, вперил во градите на каубој „голем бронзен пиштол“ (најверојатно сачмарката), потоа се повлекол. Вајат Ерп и Френк Меклори биле првите што отвориле оган, скоро во исто време според сведочењето на Вајат Ерп. Потоа, Холидеј ја искористил сачмарката да го убие Том Меклори, единствениот човек што ќе се здобие со фатални рани од сачмарка во пределот на градите. Ова најверојатно се случило рано во престрелката, пред Холидеј да извади пиштол. Том бил погоден пред другите истрели било и сведоштвото на сведок од каубојите (Хем Лајт). Помалку веројатни сценарија каде Холидеј во едната рака држел пиштол а во другата сачмарка и го искористил пиштолот прво, биле претпоставени. Најприфатеното тврдење е дека Холидеј пукнал со сачмарката еднаш (го ранил Том Меклори) потоа ја заменил со пиштол во остатокот на престрелката. На обвинителна расправа било утврдено дека престрелката не била криминален чин во корист на Холидеј и Ерпови. Ситуацијата во Тумбстоун подоцна се влоши кога Вирџил Ерп од заседа беше трајно ранет во декември 1881. Потоа Морган Ерп беше убиен во заседа во март 1882. По убиството на Морган, Ерпови, нивните семејства и Холидеј си заминаа од градот. Во Тускон, додека Вајат, Ворен Ерп и Холидеј ги испраќале ранетиот Вирџил Ерп и неговата жена Али за Калифорнија, се спасиле од уште една заседа и ова ќе биде почетокот на одмаздата кон убијците на Морган.
Одмаздата на Ерп
уредиПрва жртва на одмаздата бил Френк Стилвел, поранешен заменик на Џони Беан. Стилвел бил во Тускон за да ограби кочија но бил убиен на шините до возот на Ерп. Што барал Стилвел на станицата не е никогаш откриено (можеби чекал некој човек кој ќе сведочи против Ерп во негова полза), но Вајат Ерп сигурно мислел дека Стилвел бил таму да го повреди. Во неговата биографија, Вајат признава дека пукал во Стилвел со сачмарка. Меѓутоа, Стилвел бил најден со две рани од сачмарка и три рани од пиштол. Холидеј, кој бил со Вајат таа ноќ и рекол дека Стилвел и Ајк Клентон чекале на станицата да го убијат Вирџил Ерп, е најверојатно вториот кој пукал. Холидеј никогаш дирекно не ја разјасни неговата улога во убивањето на Стилвел или другите што следеле. Откако семејството Ерп заминало безбедно во Калифорнија, Холидеј, Вајат, помладиот брат на Вајат, Ворен и пријателите на Вајат, Шерман Мекмастерс, Турки Крик Џек Џонсон, и Тексас Џек Вермилион јавале по одмазда три недели, во кои Кадравиот Бил Брошус и најмалку уште двајца други сметани одговорни за смртта на Морган биле убиени. Најверојатно, поради налози за апсење на шестмина од групата за одмазда (вклучувајќи го и Холидеј) во територијата на Аризона за убиството на Стилвел, групата заминала за Ново Мексико, потоа Колорадо, во средината на април 1882. Додека биле во Ново Мексико, Вајат Ерп и Холидеј имале мала расправија и се разделиле, заминале на различни правци во Колорадо. По одмаздата, ниту Холидеј ниту друг член од групата не се вратил во Аризона да живее. Во мај 1882, Холидеј беше уапсен во Денвер за убиството на Стилвел. Поради недостаток на докази, Колорадо одби да го екстрадира, иако поминал две недели во затвор додека се чекала одлуката. Тој и Вајат се сретнале повторно во јуни 1882 во Ганисон откако бил пуштен. Постои контроверзност во однос на тоа дали некој од на Ерп групата наминал на кратко во Тумбстоун да го убие Џони Ринго на 13 јули 1882. Биографите на Ринго мислат дека тоа не е веројатно. Неколку други познати пиштолџии биле вмешани во смртта, како Бакскин Френк Лесли, помалку познатиот Лу Кули и коцкарот Мајк О’Рурк. Некои веруваат, дека смртта на Ринго била предизвикана од самоубиство.
Краен стадиум на болеста, смрт и погреб
уредиХолидеј го поминал остатокот од својот живот во Колорадо. По престој во Лидвил, страдал од ефектите на големата надморска височина; како резултат на ова ја зголемил зависноста од алкохол и лауданум, често земани заради туберкулозата за да ги ублажи нејзините симптоми, неговот здравје и неговите коцкарски способности, се влошиле. Во1887, прерано обелен во косата и тешко болен, Холидеј дошол во хотелот Гленвуд во Гленвуд Спрингс, Колорадо, каде што имало топла пролет. Се надевал на лековитата вода, но поленот и другите честички на пролетта му направиле полошо отколку подобро на неговите бели дробови. Кога лежел умирајќи, Холидеј најверојатно побарал виски. Зачуден, погледнал во своите боси нозе - никој никогаш не помислил дека ќе умре во кревет без своите чизми. Неговите последни зборови биле, „Нека сум проклет. Ова е чудно.“ Џон Хенри „Док“ Холидеј умрел на 8-ми ноемвмри, 1887. На 36 години. Најновиот биограф на Холидеј Гери Л. Робертс, смета дека не е можно Холидеј, одвај станувал од кревет два месеца, да може да зборува разбирливо, а не пак, на денот кога умрел. Спротивно од легендата, Вајат Ерп сигурно не бил присутен кога Холидеј умрел и не знаел за неговата смрт месеци по неа. Иако била со него во последните денови, многу е веројатно и Нослата Кејт да не била со него во моментот на неговата смрт. Имало епископски свештеник на неговиот погреб, кој бил на денот на неговата смрт, 8 ноември 1887. Неговата надгробна плоча се наоѓа на гробиштата Линвуд, над Гленвуд Спрингс. Според доцниот датум на годината, се шпекулирало дека (на пример) не бил закопан во означениот гроб, па дури ни во тие гробишта, според теоријата дека земјата била смрзната, а тој морал да биде закопан истиот ден кога умрел во привремен гроб, не во старите гробишта кои биле на планината, а патот до нив бил лош. Меѓутоа, времето било благо за време на погребот на Холидеј, а биографот Гери Робертс собрал докази дека тела биле тртанспортирани до гробиштата на планината истото време 1887. Робертс тврди дека е можно телото на Холоидеј да е навистина на модерните гробишта, но ексхумација не е изведена досега.
Карактер
уредиВо статија од 1896, Вајат Ерп го рекол ова за Холидеј, „ Док беше заболекар не правник или убиец, потребата го направи коцкар; џентелмен кого болеста го направи скитник по границата; филозоф кој животот го направи духовит; висок рус скоро мртов од туберкулоза, а во исто време највешт коцкар и најнервозниот, најбрзиот, најсмртоносниот човек со пиштол што сум го знаел.“ Вајат Ерп исто така има речено: „Ми беше верен пријател и добро друштво.“ Во интервју за весник, Холидеј бил еднаш прашан дали неговите убивства удриле до неговата свест. Тој рекол, „Го искашлав од моите дробови тоа, пред многу години.“ Нослата Кејт, неговата партнерка, ја памети реакцијата на Холидеј по неговата улога во престрелката кај О.К. Корал. Таа рекла дека Холидеј дошол во својата соба, седнал на креветот, заплакал и рекол, „тоа беше одвратно - одвратно“. Вирџил Ерп, во интервју на 30 мај 1882, за The Arizona Daily Star (два месеца откако Вирџил го напуштил Тумбстоун по смртта на Морган Ерп), го опиша Холидеј: Имаше нешто многу интересно за Док. Тој беше џентелмен добар заболекар, пријателски настроен но сепак, настрана од нас, не знам дали имаше пријатели низ Територијата. Приказните кажуваат дека убивал луѓе во различни делови од земјата; дека ограбувал и правел секакви злосторства, ама, кога луѓето беа прашувано како го знаат тоа, тие признаваа дека „така се зборувало“, и дека ништо од тоа не може со сигурност да му се товари на Док. Тој беше слаб, болен, но кога беше ограбена некоја кочија или имаше некој конфликт, а помош беше потребна, Док беше еден од првите кој го оседлуваше неговиот коњ и се пријавуваше на должност.
Докази за насилство
уредиИако историските пресметки тврдат дека Холидеј бил многу брз со пиштолот, неговата прецизност не била совршена. Во три од четирите негови престрелки, застрелал еден противник (Били Ален) во раката, еден (Чарлс Вајт ) низ скалпот, и промашил еден човек (чувар на салун Чарлс Остин) целосно. Во еден ран инцидент во Тумбстоун во 1880, набрзо откако дошол во градот, пијаниот Холидеј успеал да го погоди сопственикот на Ориентал Салун Милт Џојс во раката, а неговиот шанкер Паркер во прстот од ногата (иако Холидеј не се расправал со нив). За ова, Холидеј беше казнет за насилство и нанесување сериозна повреда. Со исклучок на Мајк Гордон во 1879, нема некој весник или правен документ да сведочат за неименуваните луѓе кои му се товарат на Холидеј дека ги застрелал смртно во популарниот фолклор; истото се однесува и на неколку борби со ножеви на Холидеј наведени од раните биографи. Јавно, Холидеј би бил жесток колку еден коцкар треба за да биде почитуван. Во Тумбстоун во јануари 1882, му рекол на Џони Ринго (како што забележал дневничарот Парсонс), „Се што сакам од тебе се десет чекори надвор на улицата.“ Тој и Ринго биле спречени да немаат двобој од полицијата на Тумбстоун (во која не биле Ерпови тоа време), која ги уапсила двајцата. Улогата на Холидеј во убиствата на Френк Стилвел и другите тројца убиени во одмаздата на Ерп останува нејасна, но бил присутен на настаните. Холидеј е најверојатно вториот стрелец кој пукал во Стилвел, тој го убил Том Меклори, а или Холидеј или Морган Ерп го испукале вториот куршум што го прекинал животот на Френк Меклори. Иако некогаш по грешка се наведува дека Френк Меклори бил погоден од три куршуми (засновано од вестите наредниот ден во весниците во Тумбстоун), според испитувањето, Френк Бил погоден еднаш во стомакот и еднаш во вратот под увото; значи или Холидеј или Морган го промашил Френк. Биографката Карен Холидеј Танер вели дека од 17-те познати апсења на Холидеј, само едно (1879, Мајк Гордон во Ново Мексико) било убиство. Сепак, Танер не е во право, бидејќи Холидеј бил уапсен и затворен за убиство и поврзаност со двете престрелката кај О.К. Корал и подоцна за убиство на Френк Стилвел. Меѓутоа, во ниту еден случај Холидеј не бил обвинет (сослушувањето Спајсер било за обвинение, но било изречена пресуда; секое обвинение за Стилвел било поништено со одбивањето на Колорадо за екстрадиција). За другите апсења, Холидеј се изјаснил како виновен за две обвиненија за коцкање, едно обвинение за поседување смртоносно оружје во градот (во врска со расправијата со Ринго), и едно обвинение за напад и нанесување серизна повреда (неговото пукање во Џојс и Паркер). Другите биле отфрлени или декларирани како „невиновен“.
Верувања
уредиСе верува (со многу слаб доказ) дека Холидеј е вмешан во убиството во август 1881 на „Стариот“ Клентон (татко им на Ајк и Били Клентон) и четворица други каубои во кањон 160км од Тумбстоун, додека каубоите терале добиток од Мексико. Меѓутоа, смртта на Клентон во таканаречениот Масакр во кањонот Гвадалупе може исто така што бил (и најчесто се претпоставува дека е) убиство од одмазда од страна на мексикански сточари кои биле мета на ограбувачи (можеби не истите луѓе кои ги убиле подоцна). Некои сметаат дека бастунот на Холидеј на денот на пресметката кај О.К.Корал (што го сменил со Вирџил за сачмарка), е доказот дека Холидеј бил ранет, можеби за време на убиството на „Стариот“ Клентон два месеца претходно. Сепак, познато е дека Холидеј носел бастун и порано во 1877, бидејќи во таа година е уапсен зошто го искористил во тепачка со друг коцкар. Во таа прилика, Холидеј наводно бил ранет од пиштол, но нема доказ дека бил ранет во есента 1881. Всушност употребата е типична; Холидеј бил физички изнемоштен во своите повозрасни години. Една од подобрите приказни за Холидеј можеби и не се случила (иако приказната е опишана во најмалку еден филм). Според биографијата на Стјуарт Лејк за Вајат Ерп, Wyatt Earp: Frontier Marshal, Холидеј се степал со уште еден коцкар (Ед Бејли) во Форт Грифин и го избодел до смрт откако човекот повлекол пиштол на Холидеј. Фатен од законот и соочен со линч, Холидеј бил спасен од Нослата Кејт, која набавила коњи, запалила зграда како диверзија, и му вперила пиштол на шерифот за да дозволи да избегаат со Холидеј. Проблемот со оваа приказна е дека нема докази за такво убиство (или за Бејли, човекот кој наводно го убил). Подоцна, Нослата Кејт, кон крајот на нејзиниот живот во 1940 (откако биографијата на Лејк за Ерп се појавила во 1931), експлицитно негирала дека приказната е точна и се смеела на идејата како таа држи пиштол на шериф.
Проблеми со фотографиите
уредиИма многу фотографии од Холидеј, некои дури и не си личат една со друга. Единствениот јасно видлив возрасен портрет е оној од март 1872 од Пенсилваниското училиште за Стоматолошка Хирургија фотографија од дипломирањето кога Холидеј имал 20 години. Оваа фотографија покажува човек со светла коса со светли и малку асиметрични очи и тенки мустаќи. Се совпаѓа со уште една автентична фотографија, со слаб квалитет стоечка фотографија од Холидеј сликана во Прескот, територијата на Аризона, во 1879, годината пред да замине во Тумбстоун. Фотографијата од 1879, иако потврдена, е со многу слаб квалитет и одвај препознатлива. Го покажува Холидеј не многу сменет за седум години, иако пуштил подолги мустаќи и империјалистичка брада (триаголна под средината на долната уста, комбинирана со мустаќите). Во сликата од 1879, Холидеј носи вратоврска со коцки со дијамантска значка, која е познато дека ја носел од навика и која е една од неколкуте негови сопствености кога умрел. Значката е слична со онаа на Вајат Ерп која ја носи на неговата најпозната фотографија. Има три фотографии од Холидеј најчесто печатени (но непотврдени), кој наводно се сликани во Тумбстоун (но некогаш се вели дека се сликани во Далас). Овие јасно го покажуваат истиот човек во три различни пози со различна облека. Овој човек покажува некои различности со Холидеј од двете автентични фотографии, во кои е јасно дека Холидеј е истата личност, само постар. Човекот во овие непотврдени фотографии има потемна коса, можеби како резултат на фото-техниката која има повеќе контраст од претходните, или е можеби „намрсена“ (типичен тренд за тоа време) или неиспрана, во двата случаја има „помрсни“, потемни нијанси. Ниту една од трите фотографии од човекот со темна коса си совпаѓаат една со друга во однос на некои детали на алиштата, покажуваат дека не се истата слика (иако можеби се пози од истата сесија, бидејќи човекот е облечен во ист костум). На пример, сврдел на коса и поинаку наместен ремен се присутни само во овалната фотографија, неколку шалчиња се гледаат и ременот на кошулата и смената на ориентацијата на елекот помеѓу фотографиите. Иако опишан од Ерп со квадратесто лице, неговата фотографија од дипломирањето покажува коси веѓи и истакната брада, кои се совпаѓаат со втората автентична фотографија од 1879, но не и во другите.
Јавни споменици
уредиНа 20 март 2005, на 122-годишнината од убивањето на Френк Стилвел од Вајат Ерп (најверојатно со Холидеј како соучесник) беа поставени статуи во природна големина од Ерп и Холидеј од вајарот Ден Бејтс посветени на музејот на Јужна Аризона во рестарвираната историска железничка пруга во Тускон, Аризона на приближно место на пукањето на перонот. Одликите на лицето се засновани на неколку наводни фотографии а не од двете автентични фотографии од него. Помеѓу 1970 и 1980, во Валдоста, Џорџија, каде порано живеел, Holliday Skate Palace, лизгалиште за ролшуи, беше наречено во негова чест.
Популарна култура
уредиРазличните особини на Холидеј и Ерп создадоа контраст кој предизвика историски интерес. Холидеј е традиционално познат по тоа што бил пиштолџија, каде вајат Ерп и престрелката кај О.К. Корал стана дел од фолклорот само заради биографијата за Ерп на Стјуарт Лејк по неговата смрт. Поради тоа што престрелката стана еден од најпознатите моменти на американскиот запад, многу вестерни се направени според неа, а карактерот на Холидеј бил портретиран во секој од нив. Не сите филмови кои го содржат ликот на Док Холидеј, или лик заснован на него, се биографски по природа.
Глумци што го играле Холидеј: •Цезар Ромеро во Frontier Marshal, 1939, го глуми Док Холидеј како хирург, не стоматолог.
•Волтер Хустон во The Outlaw, во 1943, филм на Хауард Хјуз.
•Виктор Мачур во My Darling Clementine, во 1946, режиран одЏон Форд, со Хенри Фонда како Вајат Ерп.
•Ким Спалдинг во телевизиската серија Stories of the Century (1954), водена од Џим Дејвис.
•Кирк Даглас во Gunfight at the OK Corral, во 1957, со Барт Ланкастер како Ерп.
•Даглас Фаули во "The Life and Legend of Wyatt Earp" телевизиска серија 1955-1961.
•Џералд Мор и Питер Брек и двајцата го играле Холидеј повеќепати во серијата од 1957, Maverick.
•Артур Кенеди со Џејмс Стјуарт како Ерп во филмот на Џон Форд, Cheyenne Autumn.
•Адам Вест го играше Холидеј во епизода од ТВ серијата, Lawman.
•Кристофер Дарк во епизода од 1963 од ТВ серијата Bonanza.
•Ентони Џејкобс во 1966 во Doctor Who приказна The Gunfighters.
•Џејсон Робардс во Hour of the Gun, продолжение во 1967 на филмот од 1957, со Џејмс Гарнер како Ерп. Ова е прв филм каде се спомнува одмаздата; both двата филма се режирани од Џон Старџс.
•Сем Гилмен во еписодата од 1968 на Star Trek, "Spectre of the Gun".
•Стејси Кич во Doc, во 1971, каде настаните од Тумбстоун се кажани од негова перспектива.
•Бил Флечер во две епизоди од ТВ серијата, Alias Smith and Jones: "Which Way to the OK Corral?" во 1971 и "The Ten Days That Shook Kid Curry" во 1972.
•Денис Хопер во Wild Times, мини-серија од 1980 заснована на романот на Брајан Гарфилд.
•Вили Нелсон во 1986 во ТВ-римејкот на Stagecoach.
•Вал Килмер во Tombstone, во 1993. Некои историчари веруваат дека Килмер прекрасно ги доловил смесите на очај и храброст на Холидеј.
•Денис Квејд во Wyatt Earp, во 1994, детална биографија на животот на Вајат Ерп.
•Ренди Квејд во Purgatory, Тв филм од 1999 за мртви одметници во град помеѓу Рајот и Пеколот.