Дељадровски манастир

Дељадровскиот манастир претставува македонски православен манастирски комплекс сместен недалеку од скопското село Дељадровци, веднаш покрај автопатот Скопје - Куманово, кај новата бензинска на Макпетрол спроти рафиниеријата Окта. На 6 нај 2008 целиот комплекс е целосно реосветен од страна на тогашниот митрополит Полошко-кумановски Г. Кирил.[1], кој исто така почива во овој комплекс. Денес манастирскиот комплекс претставува прекрасно уредено место со можности за комплетен престој во кој се нуду преноќиште и традиционални јадења.

Дељадровски манастир
Информации
Манастир на:МПЦ - ОА
ОснованXX век
ЕпархијаКумановско-осоговска
Цркви„Св. Ѓорѓи“ и
„Рождество на Пресвета Богородица“
„Св. Архангели Михаил и Гаврил“
„Св. Петка и Св. Недела“
„Св. Злата Мегленска“
Личности
Важни личностиИгуменија Зиновија
Место
Местосело Дељадровци, Општина Илинден, Македонија Македонија
Координати42°1′28.80″N 21°40′35.10″E / 42.0246667° N; 21.6764167° E / 42.0246667; 21.6764167Координати: 42°1′28.80″N 21°40′35.10″E / 42.0246667° N; 21.6764167° E / 42.0246667; 21.6764167
Видливи остатоци5 цркви, конак, гробови, помошни објекти
Отворен за јавностда

ЦрквиУреди

Во манастирскиот комплекс постојат 5 цркви:

Св. ЃорѓиУреди

  Главна статија: „Црква „Св.Ѓорѓи“ - Дељадровци.

Црквата Свети Ѓорѓи е главната манастирска црква. Изградена е во 1921 година, а осветена во 1934 година.

Раѓање на Пресвета БогородицаУреди

Црквита посветена на Рождението Богородично е мала градба со исцелителен крст. Поради верувањето за исцелителноста ова црквиче е доста посетено.

Св. Архангели Михаил и ГаврилУреди

Црквичката посветена на Светите Архангели Михаил и Гаврил е понова градба. На тоа место во минатото имало само крст како закрилник на селото. Ктитор на ова црквиче е Игуменијата Зиновија од манастирот.

Св. Петка и Св. НеделаУреди

Црквата посветена на светителките Петка Трновска и Света Недела е исто така една од поновите црквички во манастирот. На ова место претходно имало крст.

Св. Злата МегленскаУреди

Црквата посветена на македонската светителка е најновата црква во манастирскиот комплекс. Била осветена на 29 јули 2012 година од поглаварот на МПЦ - ОА г.г. Стефан и митрополитот полошко-кумановски г. Кирил.[2]

НаводиУреди