Дељадровско-илинденска епархија

Дељадровско-илинденска епархија — една од 15-те епархии на Македонската православна црква. Формирана е со одлука на синодот во 2023 година и за нејзино седиште е избранo селото Дељадровци, како дел од процесот за интеграција на Православната охридска архиепископија. За архијереј е избран епископот Јоаким Дељадровско-илинденски,[1] поранешен епископ на ПОА. Епархијата ги опфаќа границите на општина Илинден. Седиштето на епархијата е во Дељадровскиот манастир.

Дељадровско-илинденска епархија

Основач МПЦ
Независност
Признавање православие
Поглавар Јоаким
Седиште Дељадровци
Територија Илинден
Власт
Јазик македонски, старословенски
Верници
Портал

Епархијата има привремен карактер, чија територија (Дељардовската и дел од Пчињската парохија) е одвоена од Кумановско-осоговската епархија сè до престанокот на функцијата на епископот, по што територијата се враќа во рамките на Кумановско-осоговскат епархија.[2]

Наводи

уреди
  1. САС на МПЦ (20. јуни 2023). „Соопштение (20.06.2023 14:38)“. mpc.org.mk. МПЦ. Архивирано од изворникот 20 јуни 2023. Посетено на 20 јуни 2023. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  2. „СООПШТЕНИЕ од Кумановско-осоговската епархија (КОЕ) за привремена поделба и менување на границите на КОЕ – Кумановско-осоговска епархија“. Архивирано од изворникот 3 јануари 2024. Посетено на 16 јануари 2024.