Дељадровски манастир
Дељадровски манастир „Свети Ѓорѓи“ — манастирски комплекс недалеку од скопското село Дељадровци, веднаш покрај автопатот Скопје - Куманово спроти рафиниеријата „Окта“. На 6 мај 2008 г. целиот комплекс е целосно преосветен од страна на тогашниот митрополит Полошко-кумановски г. Кирил.[1], кој исто така почива во овој комплекс. Денес манастирскиот комплекс претставува прекрасно уредено место со можности за комплетен престој во кој се нуди преноќиште и традиционални јадења. Во 2023 г. манастирот станал седиште на нововодедената Дељадровско-илинденска епархија на МПЦ - ОА.[2]
Информации | |
---|---|
Манастир на: | МПЦ - ОА |
Основан | XX век |
Епархија | Дељадровско-илинденска |
Цркви | „Св. Ѓорѓи“ и „Рождество на Пресвета Богородица“ „Св. Архангели Михаил и Гаврил“ „Св. Петка и Св. Недела“ „Св. Злата Мегленска“ |
Личности | |
Важни личности | Игуменија Зиновија |
Место | |
Место | Дељадровци, Општина Илинден, Македонија |
Координати | 42°1′28″N 21°40′36″E / 42.02444° СГШ; 21.67667° ИГД |
Видливи остатоци | 5 цркви, конак, гробови, помошни објекти |
Отворен за јавноста | да |
Цркви
уредиВо манастирскиот комплекс постојат 5 цркви:
Св. Ѓорѓи
уредиЦрквата Свети Ѓорѓи е главната манастирска црква. Изградена е во 1921 година, а осветена во 1934 година.
Раѓање на Пресвета Богородица
уредиЦрквата посветена на Рождението Богородично е мала градба со исцелителен крст. Поради верувањето за исцелителноста ова црквиче е доста посетено.
Св. Архангели Михаил и Гаврил
уредиЦрквичката посветена на Светите Архангели Михаил и Гаврил е понова градба. На тоа место во минатото имало само крст како закрилник на селото. Ктитор на ова црквиче е Игуменијата Зиновија од манастирот.
Св. Петка и Св. Недела
уредиЦрквата посветена на светителките Петка Трновска и Света Недела е исто така една од поновите црквички во манастирот. На ова место претходно имало крст.
Св. Злата Мегленска
уредиЦрквата посветена на македонската светителка е најновата црква во манастирскиот комплекс. Била осветена на 29 јули 2012 година од поглаварот на МПЦ - ОА г.г. Стефан и митрополитот полошко-кумановски г. Кирил.[3]
Наводи
уреди- ↑ Реосветување на целосно возобновениот манастир „Св. Вмч. Ѓорѓи“
- ↑ САС на МПЦ (20. јуни 2023). „Соопштение (20.06.2023 14:38)“. mpc.org.mk. МПЦ. Посетено на 20 јуни 2023. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ Г.г. Стефан ќе ја освети новата црква „Св. Злата Мегленска“ во Дељадровце
„Дељадровски манастир“ на Ризницата ? |