Дејан Прошев
Дејан Прошев — македонски оперски пејач (баритон) и оперски режисер.
Животопис
уредиПрошев дипломирал на Државната музичка академија "Панчо Владигеров" во Софија. Во 2004 година, на истата академија, Прошев магистрирал на отсекот за оперска режија. Прошев ја извршувал и функцијата директор на Македонската опера и балет.[1]
Творештво
уредиПрошев режирал повеќе опери на сцената на Македонската опера и балет, и тоа: „Трубадур“, „Аида“, „Волшебната флејта“, „Лучија од Ламермур“ итн. Исто така, во април 2014 година, на сцената на Народно позориште во Белград, Србија, Прошев ја режирал операта „Тоска“.[1]