Деште Лут

пустина во Иран

Деште Лут или само Лут (персиски: دشت لوت, „Низина на Голотијата“) — голема пустина во покраините Керман и Систан и Балуџистан, Иран. Прогласена е за светско наследство на УНЕСКО.[1] Површината на песокот достигнува температура од 70,7 °C,[2][3] што претставува рекорд за најврела површина на Земјата.

Деште Лут
Песочни образби во пустината кај Керман
Должина480 км
Ширина320 км
Површина51.800 км2
Име
Изворно имеدشت لوت  (персиски)
Географија
ЗемјиИран
Координати30°36′18″N 59°04′04″E / 30.60500001° СГШ; 59.0677777878° ИГД / 30.60500001; 59.0677777878
Светско наследство на УНЕСКО
Службен називПустина Лут
Критериумvii, viii
Навод1505
Запис2016 (XL заседание)

Опис

уреди
 
Јарданзи во пустината.

Иран климатски припаѓа на појасот на афроазиските пустини, кој се протега Мавританија, па сè до Монголија.

Географијата на Иран се состои од висорамнини обиколени од планини и одделени со котлини. Деште Лут е една од најголемите вакви котлини, со должина од 480 long и ширина од 320 км.[4] Се смета за едно од најсувите места на светот.[5][6][7]

Пустината зафаќа површина од околу 51.800 км2,[8] втора по големина во Иран веднаш зад Деште Кевир. Напролет, кога е повлажно, во пустината дотекува вода од Керманските Планини, но набргу пресушува, оставајќи зад себе само камења, песок и сол.

Источниот дел на Деште Лут е ниска висорамнина покриена со солници. За разлика од тоа, средишниот дел има напоредни сртови и бразди извајани од ветерот, кои се протегаат 150 км и достигнуваат висина од 75 км.[4] Ова подрачје е полно со кланци и вртачи. Југоисточниот дел е огромно песокливо пространство, налик на сахарските ергови, со дини високи 300 м, кои се меѓу највисоките во светот.[4]

Геологија

уреди

Според едно проучување, преку половина од пустината е сочинета од вулкански карпи. Во врелите периоди се забележуваат евапорити.

Археологија

уреди

Околу 2500 п.н.е. тука постоела напредна цивилизација. На западниот раб на пустината се наоѓал древниот град Шехдад. Од источната страна бил огромниот град Шахри Сухте.

Оваа пустинска област е археолошка важност за Иран. Проучени се источното крило на Керманските Планини и западната пограничје на пустината. Пронајдени се 87 археолошки наоѓалишта од V милениум п.н.е. до доцната исламска епоха. Од нив, 23 се од бакарното и бронзеното време.[9]

Најврела површина

уреди
 
Деште Лут од вселената, 2006 г.

Сателитот „Аква“ на НАСА го набљудувал Деште Лут од 2003 до 2010 г. и забележал најврела површина на Земјата, со температури до 70,7 °C, иако самиот воздух е поладен.[5][6][7][10][11]

Најврелиот дел на пустината е Гандом Берјан, голема висорамнина покриена со темна лава и површина од 480 км2.[12]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Lut Desert“. UNESCO World Heritage Centre (англиски). United Nations Educational, Scientific and Cultural Organization. Посетено на 17 July 2016.
  2. Mildrexler, D.; M. Zhao; S. W. Running (October 2006). „Where Are the Hottest Spots on Earth?“. EOS. 87 (43): 461, 467. doi:10.1002/eost.v87.43.
  3. Mildrexler, D.; M. Zhao; S. W. Running (2011). „Satellite Finds Highest Land Skin Temperatures on Earth“. Bull. Amer. Meteor. Soc. 92 (7): 850–860. Bibcode:2011BAMS...92..855M. doi:10.1175/2011BAMS3067.1 (неактивно 2024-12-02).
  4. 4,0 4,1 4,2 editors, Richard L. Scheffel, Susan J. Wernert ; writers, Oliver E. Allen ...; и др. (1980). Natural Wonders of the World. The Reader's Digest Association, Inc. стр. 117. ISBN 978-0-89577-087-5.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link) CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)
  5. 5,0 5,1 Satellites seek global hot spots / The Christian Science Monitor - CSMonitor.com
  6. 6,0 6,1 Temperature of Earth
  7. 7,0 7,1 „Images of the Day – Images – redOrbit“. Архивирано од изворникот на 2008-12-01. Посетено на 2022-06-25.
  8. Wright, John W., уред. (2006). The New York Times Almanac (2007. изд.). New York, New York: Penguin Books. стр. 456. ISBN 978-0-14-303820-7.
  9. Eskandari, N., Mollasalehi, H. (2017). Prehistoric Settlement Trends on the West of Lut Desert, Southeastern Iran. Journal of Archaeological Studies, 8(2), 1-15. doi:10.22059/jarcs.2017.61722
  10. The Hottest Spot on Earth : Image of the Day
  11. Weather Iran Архивирано на 13 декември 2004 г.
  12. A Journey To Earth's Hottest Point

Надворешни врски

уреди