Десеток во НОВ

(Пренасочено од Десеток)

Десеток во НОВ (спахилак; спаилак) – давачка позната од времето на Османлиската Империја (до 1912 година), повторно воведена во 1942 година, на територијата на Западна Македонија, окупирана од италијанската војска.[1] Десетокот изнесувал 10% од вкупните земјоделски производи.[2]

Овој данок бил воведен на територијата на западна Македонија окупиран од Италија, врз основ на декретот донесен од кралскиот намесник на Албанија од 15 мај, 1942 година.[2] Преку десетокот полесно се наплатувале даноците од страна на власта и се обезбедувало непречено снабдување со земјоделски производи на италијанската војска. Се собирал во натура и се продавал на лицитација.[1] Административно-финансиските власти извршиле групирање на селата со претежно земјоделски карактер во посебни зони кои претставувале место за продавање, односно за лицитирање на давачката. Закупците придружени со лична вооружена придружба, вршеле најразлични злоупотреби при прибирањето на спаилакот.[3] Закупците главно биле албански кулаци и блиски соработници на окупаторот. Бидејќи селаните давале тежок отпор при собирањето на овој данок, кој имал пљачкашки карактер, собирачите (спахиите), најчесто оделе со вооружена придружба и во најголем број случаи тоа било проследено со терор.[2] Поради пројавениот отпор од страна на македонските земјоделци, веќе во 1944 година, престанал да се собира.[1][3]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Ристовски, Блаже (2009). Македонска енциклопедија. Скопје: МАНУ. стр. 456–457. ISBN 978-608-203-023-4. OCLC 499142958.CS1-одржување: датум и година (link)
  2. 2,0 2,1 2,2 д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 436. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува |author1= (help)
  3. 3,0 3,1 д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 154. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува |author1= (help)

Литература

уреди
  • Глигор Тодоровски. „Западна Македонија за време на Окупацијата 1941– 1944“, Скопје, 1998.