Дерек Алтон Волкот, мајсторот на карипскиот идиом, но и поет на англискиот јазик што го поседува „подлабоко и позвучно и од самите Англичани“(како што оценува ирскиот поет Шејмас Хини), е роден во семејство на учители на 23 јануари 1930 година во местото Кастриес, на карипскиот остров Света Луција.[1]

Дерек Волкот

Животопис

уреди

Волкот се здобил со високо образование на универзитетот во Кингстон, Јамајка, каде што како што се вели, бил „маѓепсан“ од стилот на великите поети во англиската книжевна традиција. По универзитетот работел како новинар и книжевен критичар во разни списанија и весници насекаде по Карибите- од Јамајка до Тринидад. Сепак во уметноста најпрвин почнал како сликар, вљубеник во акварелот, но брзо да сфатил дека бојата му е премалку за да го оживее колоритот, но и човечките судбини и односи во тој претесен микропростор заедно со неговото минато и сегашност, па затоа ја заменил сликарската палета со зборот и тоа на јазик кој речиси му биол туѓ- англискиот. Но тоа не значело дека го отфрлил креолскиот идиом-напротив, тој станал моќно оружје кое уфрлено во „заднината“ на англискиот строго структиран. Вековниот егзил на својот народ Волкот го продолжил по универзитетите на северноамериканскиот потконтинент, каде што предавал креативно пишување:Харвард, Колумбија, Јелј, Рудгерс и на крајот Бостонскиот универзитет каде што ја примил веста за доделувањето на Нобеловата награда за литература.

Творештво

уреди

Најпознати негови дела се: „Собрани песни“(1948-1984), „Арканзашкиот тестамент“(1987) и драмите „Сонот на мајмуновата планина“, „Гулабот на неговите браќа“, „Последниот карневал“ и други.

Наводи

уреди
  1. Превод на литературни дела од автори кои добиле Нобелова награда, НИД „Микена“, Битола, 2010