Демир Капија (Пирин)

планинско седло на Пирин, Пиринска Македонија

Демир Капија (бугарски: Демиркапия) — седло на планината Пирин, на границата помеѓу општините Банско и Свети Врач, Пиринска Македонија. Сместено е на височина од 2.480 м во северниот дел на Пирин, на главното било меѓу врвовите Џано и Демиркаписки Чуки. Има гранитна геолошка основа.</ref>[1] Позната е и под името Демиркаписка Порта. За време на Преродбениот процес на НР Бугарија преименувана е во Железна Врата (Желязна врата), но тоа име не било прифатено од мештаните и посетителите.

Демир Капија
Демиркапия
Седлото Демир Капија (во средината) сликано од врвот Ченгелчал
Надм. вис.2.480 м
МестоОпштина Банско и Општина Свети Врач, Пиринска Македонија
ВенецПирин
Координати41°41′42″N 23°30′23″E / 41.695° СГШ; 23.5065° ИГД / 41.695; 23.5065
Демир Капија is located in Пиринска Македонија
Демир Капија
Демир Капија
Местоположба на Демир Капија во Пиринска Македонија

Низ Демир Капија поминува патеката од планинарскиот дом „Гоце Делчев“ до планинарскиот дом „Пирин“ (обележана со зелено). Ова некогаш бил важен превој, највисоката точка на една од двете главни винарски патеки меѓу Разлошката Котлина и Мелник.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Енциклопедия „Пирински край“, том I. Благоевград: Редакция „Енциклопедия“. 1995. стр. 323. ISBN 954-90006-1-3.