Десетаголник
(Пренасочено од Декагон)
Десетаголник или декагон — многуаголник со десет страни и десет агли. Ова се однесува на правилен десетаголник, со еднаква должина на сите страни и сите агли еднакви на 144°. Така, секој агол од правилниот десетаголник има 144°. Шлефлиевиот симбол му е {10}. Плоштината на правилниот десетаголник со должина на страна a е
Правилен десетаголник | |
---|---|
Правилен десетаголник | |
Вид | правилен многуаголник |
Рабови и темиња | 10 |
Шлефлиев симбол | {10}, t{5} |
Коксетер–Динкинови дијаграми | |
Група на симетрија | диедарска (D10), ред 2×10 |
Внатрешен агол | 144° |
Својства | испакнат, впишан, рамностран, изогонален, изотоксален |
Конструирање
уредиПравилниот десетаголник може да се конструира со шестар и линијар.
- Чекори 1 до 6 за конструирање на петаголник.
- Повлечете линија од секој агол на петаголникот низ средината на кружницата направена во чекорот 1, со спротивната страна на таа иста кружница.
- Петте агли на петаголникот го сочинуваат секој втор агол на десетаголникот. Останатите пет агли на десетаголникот се оние точки каде линиите од чекорот 2 се сечат со првобитната кружница (но не аголот на петаголникот).
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- „Десетаголник“ од Ерик В. Вајсштајн — MathWorld (англиски)
- Дефиниција и својства на десетаголникот Со интерактивна анимација (англиски)