Кале (Дебреше)
археолошко наоѓалиште во Македонија
(Пренасочено од Дебрешко Кале)
„Кале“
| |
Местоположба | 41°49′2″N 20°52′50″E / 41.81722° СГШ; 20.88056° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Дебреше |
Општина | Гостивар |
Тип |
|
Период | железно време |
римско време | |
Портал „Археологија“ |
Кале — археолошко наоѓалиште во гостиварското село Дебреше. Претставува утврдена населба од железно и римско време. Се наоѓа на околу 1,3 км западно од селото, на висок рид со зарамнето плато што има извонредно поволна стратегиска позиција над падините на Шар Планина, каде се наоѓаат остатоци од помала фортификација, градена од кршен камен и варов малтер, која зафаќа површина од 40 × 40 м. На површината има фрагменти од керамички садови, питоси и многу градежен материјал. На источните падини на теренот спорадично се среќаваат фрагменти од керамички садови што упатуваат на присуство на уште една помала утврдена населба од железното време.[1]
Поврзано
уреди- Горни Крст — средновековна црква и некропола;
- Горни Ропаич — средновековна црква и некропола;
- Долни Крст — средновековна црква и некропола;
- Жубовски Пат — средновековна некропола;
- Зилбов Гроб — некропола од средовековието;
- Св. Богородица — средновековна црква и некропола;
- Спас — средновековна црква и некропола;
- Сред Село — средновековна црква и некропола;
- Стражник — некропола од бронзено време;
- Чатал — населба од доцната антика;
- Чифлик — некропола од доцната антика.
Наводи
уреди- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |