Двојниот живот на Вероника (филм од 1991)
Двојниот живот на Вероника (француски: La double vie de Véronique) - филм од 1991 година, во режија на Кшиштоф Кишловски, кој е и автор на сценариото, заедно со Кшиштоф Пјешевич. Главните улоги ги играат: Ирен Жакоб, Александер Бардини, Владислав Ковалски, Јежи Гудејко, Филип Волтер, итн. Во 1991 година, на Канскиот филмски фестивал, филмот освоил три награди (за најдобра глумица, наградата ФИПРЕСЦИ и наградата на Екуменското жири), а бил номиниран и за „Златната палма“. Исто така, филмо имал една номинација за наградата „Златен глобус“.[1]
Содржина
уредиВо филмот се зборува за животот на две потполно еднакви девојки, кои имаат исто име - Вероника (ги глуми Жакоб), но едната живее во Париз, а другата во Полска. Девојката од Полска има прекрасен глас, пее во хор и чувствува дека живее и друг живот. Таа се сели во Краков и случајно здогледува една девојка која личи потполно исто како неа. Набргу, Вероника победува на еден конкурс, но за време на концертот паѓа мртва на сцената. Девојката од Франција, пак, има чувство дека еднаш умрела. Таа е учителка по музика, а за време на една претстава се вљубува во кукларот Александар Бардини. Потоа, таа се среќава со него и тие изнајмуваат хотелска соба, каде водат љубов. Притоа, на една фотографија од своето патување во Полска, таа ја забележува истоимената девојка.[2]