Да се стигне пред разденување (филм)

„Да се стигне пред разденување“ (српски: Стићи пре свитања) — југословенски филм од 1978 година, во режија на Александар Ѓорѓевиќ. Главните улоги ги толкуваат: Велимир Бата Живојиновиќ, Радош Бајиќ, Злата Нуманагиќ и Бранко Ѓуриќ.

Синопсис

уреди

Во пресрет на Втората светска војна, 32 комунисти планираат да избегаат од затворот во Сремска Митровица. Затоа, тие почнуваат да копаат тунел, но работата оди бавно поради неколку причини: разни пречки, појава на подземна вода, преместување на затворениците во друга зграда, појава на предавници и тешко комуницирање со соработниците надвор од затворот. Најпосле, благодарение на помошта на една илегалка и група младинци, затворениците успеваат да побегнат, а потоа се префрлаат во планините и земаат учество во основањето на Првиот фрушкогорски одред.[1]

Наводи

уреди