Даница Максимовиќ

Даница Максимовиќ (Релјинци, 25 јануари 1953) е српска глумица.

Даница Максимовиќ (десно), со глумците Бата Паскаљевиќ и Миќа Томиќ на Филмски сусрети во Ниш, 1997

Животопис

уреди

Како девојче во родното место, била член на рецитаторската секција, а долги години се занимавала и со фолклор.

Глума завршила Факултетот за драмски уметности во Белград, во класа на професорот Миња Дедиќ, заедно со Бранислав Леќиќ и Дара Џокиќ .

Прва улога на филм ја одиграла 1980 година во филмот "Хајдук". Со Тања Бошковиќ, Миленко Павлов и Раде Марјановиќ, долго време била носител театарскиот репертоар во Театарот на Терзиите. Во кариерата на Даница Максимовиќ, доминантни улоги се таканаречените жена од маргини (алкохоличарки, проститутки, жени со сомнителен морал).

За време на деведесеттите години Даница со колегата Владан Савиќ, играла и кабаре и се викал "Години на заплетот". Автор на текстот и песните  бил Миленко Пајовиќ, а музиката ја компонирал Раде Радивојевиќ. Името на кабарето било алузија на една книга од некогашниот прв човек СРЈ Слободан Милошевиќ "Години на расплетот". Овој кабаре му штетел на режимот на деведесеттите, а авторите свесно го ризикувале политичкиот прогон. Фобитник е на Стерјини награди за улога во претставата "Лукреција или ждеро". Најмладата публика на Максимовиќ ја помни по улогата на тета Лије, која и позајмила глас, во серијалот "Добра ноќ деца".

Даница Максимовиќ била претседател  на Сојузот на драмски уметници Србија, од 1997 година го уживала статусот на слободен уметник. Најмладата публика на Максимовиќ ја помни по улогата на тета Лије, која и позајмила глас, во серијалот "Добра ноќ деца".

Даница Максимовиќ ја играла главната улога во првата српска теленовела " Јелена". Исто така ја толкува една од главните улоги во теленовелата " Застани го времето".

Нејзин син е Милош Лолиќ, театарски уредник.[1]

Признанија

уреди
  • Стерјина награда за улога во претставата Лукреција или ждеро
  • Златен чуран на деновите на комедијата во Јагодина
  • Златна пара на фестивалот во Врњачка Бања, за улога во филмот "Ноќта во куќата на мојата мајка"
  • Витез од Чарапаније - сер Харди, на Меѓународниот фестувал на хумор и сатира "Златна кацига" во Крушевац

Интересно

уреди
  • Даница Максимовиќ е една од ретките јавни личности во Србија која јавно признала во 1992 година сека била подложена на лечење на алкохолизмот.
  • Долги години се занимава со хуманитарни работи.
  • За улогата во филмот "Ноќта во куќата на мојата мајка", морала да се здебели 8 килограми.
  • 2009 година станала постојан на натпреварувачкото шоу Јас имам талент, по две сезони прикажување го напуштила шоуто, но во 2016 година повторно се вратила во шоуто.

Театар

уреди
  • Лукреција или Ждеро
  • Сезона на нарачани убиства
  • Кој се плаши од Вирџинија Вулф?
  • Мандрагола
  • Сина роза
  • Светлост на сцената
  • Кумови
  • Зона Замфирова
  • Татко на службен пат
  • Ожалостено семејство
  • Сенка: Еуридика зборува
  • Индиго

Референца

уреди

Надворешни врски

уреди

(англиски)