Даница Антоска ( 1926 во Горно Село — ) — учесник во НОВ на Македонија.[1]

Животопис

уреди

Од 1941 година е опфатена во воспитна група. Во почетокот растурала пропаганден материјал во родното село и во Дреновци. Учествувала во диверзантскиот напад во село Небрегово во 1942 година. Одземените пушки од бугарскиот окупатор ги криела се до предавањето на партизанскиот одред „Димитар Влахов“. Пренесувала оружје од Горно Село во Крушево. Во 1942 година е затворена. Наскоро била ослободена, но била под постојана присмотра на бугарската полиција и задолжена да се пријавува во полицискиот участок преку еден ден.[1]

Во времето на ослободувањето на Прилеп била член на народно ослободителниот комитет. Во 1944 година во нивната куќа била сместена привремена партизанска болница. Во истата година била член на Окружниот Комитет на КПМ во село Дупјачани.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Весковиќ-Вангели, д-р. Вера; Јовановиќ, Марија (1976). Жените на Македонија во НОВ 1941-1945. Скопје: Институт за Национална Историја. стр. 978.