Дониа — компанија која опстојува дванаеесет години во Прилеп.

ДОНИА ДОО - ПРИЛЕП

Место
Општина: Прилеп
Место: Прилеп
Адреса: Ул Трајко Николоски бр.5
Основни информации
Директор: Неда Поп-Димитроска
Контактни информации
Портал www.clubeconomy.com.mk/detali.aspx?id=976

Историјат на Дониа доо - Прилеп

уреди

Дониа доо-Прилеп е компанија која во Прилеп е присутна веќе дванаеесет години и за тој период се етаблира како компанија која е препознатлива по своите квалитетни и вкусни производи , професионалниот однос , тимот кој стои зад успехот и приказната за успешна македонска комапнија. За да може да се достигне сето тоа потребно било време , време за усовршување и големи успеси. Во далечната 2001 година во еден тежок период во нашата држава што ги претрпија сите компании како помалите така и поголемите. Во тој период е оформена Дониа во тоа тешко време. Се разбира секој почеток е тежок , па истото било и со Дониа. Со нејзиното формирање се подобрил животот во Прилеп со тоа што се овозможило ново вработување кое било многу потребно во тој период. На почетокот кога Дониа почнала да функционира како компанија почнала со помал број на вработени што е нормално но сепак тоа било доволно за да се спасаат одреден дел од семејствата. На почетокот имало мал број на вработени но како што поминувале годините така Дониа сè повеќе се усовршувала , се зголемувал бројот на вработени и одговорните. Благодарение на тоа Дониа е комапнија со која Прилеп се гордее.

Развој на Дониа доо - Прилеп

уреди

Од нејзиното настанување Дониа од година во година се усовршувала и се развивала. На почеток почнала како помала компанија потоа почнала да се проширува како по површина така и по број на вработени. Почетокот бил тежок но со тек на годините таа тежина се намалувала а успешноста на Дониа сè повеќе растела и се усовршувала за да се достигне денешниот успех на Дониа

Дониа доо - Прилеп денес

уреди

Дониа денес е многу позната компанија не само во Прилеп и цела Македонија таа е позната низ целиот свет. Дониа е пофалена од могу држави и тоа : Америка , Холандија , Бугарија , Албанија , Србија , Хрватска , Босна и Херцеговина , Црна Гора , Германија и многу други односно Донија соработува со држави од сите континенти. Донија работи успешно на домашен и странски пазар. Исто така Дониа соработува со многу познати компании како во Македонија така и во светот. Исто така Дониа соработува со многу училишта , невладини организации и факултети во град Прилеп. Дониа својата работа ја врши во најпримамливи простории со модерен изглед и совремни машини. Исто така Дониа работи по HASAP систем , кој и овозможува подобар пласман на производите како на домашниот така и на странскиот пазар. Дониа е една од комапниите кои се мошне битни за економскиот развој на локалната заедница па и пошироко И поради сето тоа Дониа го има заслужено статусот успешна македонска компанија. Дониа денес се наоѓа на локацијата од пред дванаеeсет години нејзината локација не е променета таа се наоѓа на ул Трајко Николоски бр.5.

Вработени во Дониа доо - Прилеп

уреди

На почетокот на својата работа во Дониа имало помал број на вработени , но како што поминувало времето така бројот на вработени се зголемувал така што денес во Дониа има околу сто и педесет вработени , но во периоди кога работната сила е потребна за краток временски период да се постигне поголемо извршување на работните задачи бројот на вработени достигнува над двесте. Тоа се одреден број на варботени кои помагаат во извршување на работните задачи за одреден времeнски период тоа е период кога се потребни поголем број на производи како што е периодот на празници.Вработените кои се како дополнителна сила потпишуваат договор за тој одреден период на работа. Тие вработени претставуваат привремена и помошна работна сила.

Производство и произвдои во Дониа доо - Прилеп

уреди

Во Дониа се произведуваат голем број на производи месечно се произведуваат од двесте до тристa тони. Секоја година во Дониа се произведуваат минимум пет нови производи кои за првпат се пласираат на пазарот. Со тој начин на воведување на нови производи секоја година кај потрушувачите се буди голема побарувачка на производи произведени од страна на Дониа. Во однос на производите во оваа команија се произведуваат традиционални производи. Има голем број на разновиди производи како што се алва , желе , цврсти бомбони , слатки од најразлични видови , кекси и многу други слатки производи. После 2006 година големо внимание се обрнува на каксите кои опфаќаат 70 % од целокупното производство. Како секоја комапнија така и Дониа има производ кој е популарен од неговото излегување и не ја губи вредноста и побарувачката од страна на потрошувачите. Во овај период во Дониа се работи на воведување на нови производи кои ќе можат да ги задоволат потребите на потрошувачите.

Награди и Признанија

уреди

Компанјата Дониа која е многу успешна , од другите компании се разликува со тоа што и се доделени голем број на награди и признанија како на локално така и на национално ниво.

Награди на локално ниво

уреди

Една од најпознатите награди во Прилеп е наградата „Бизнис на годината“ , Дониа е наградена во 2010 година како комапнија која остварила најдобар бизнис во истата година. Оваа награда ја организира локланото списание '''Зенит''' потпомогната од локалната општина Прилеп.

Наградина национално ниво

уреди

Дониа во текот на дванаесете години успешна работа зад себе неколкупати е нагрдувана на национално ниво и тоа :

  • Награда за дизајн на годината ,
  • Награда за развој на човечки ресурси ,
  • Нагрaда за општествено одговорни практики (односи со пазарот)

Признанија

уреди

На Дониа и се доделени голем број на признаија во најразлични делови на работењето . Покрај големиот број на награди и признанија , Дониа важи за компанија која негува мошне добри односи со сите институции во општината и надвор од неа. Вклучена преку дел од своите вработени во голем број на проекти и активности како на локално така и на национално ново. Препознатлива е како добар партнер со граѓанскиот сектор и ЕЛС.

Организациона структура

уреди

Во почетокот од своето формирање организационата структура била на помало ниво , но денес организационата структура е поделена на повеќе нивоа и тоа:

  • Генерален директор-Неда Поп-Димитроска ,
  • Директор на производство ,
  • Директор на продажба и маркетинг ,
  • Директор на набавки ,
  • Директор на извос ,
  • Оддел за транспорт (каде комапнијата располага со сопствени возила).

Надворешни врски

уреди